Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИМ СТИГНУВА ЛИ ОЛЕСНУВАЊЕ НА ЖИТЕЛИТЕ НА ГЕРМАНИЈА – се планира воведување на субвенции за греење од 700 евра по жител
Економија

ИМ СТИГНУВА ЛИ ОЛЕСНУВАЊЕ НА ЖИТЕЛИТЕ НА ГЕРМАНИЈА – се планира воведување на субвенции за греење од 700 евра по жител

03/02/2025

AA

Субвенција за греење од 700 евра би можеле да добијат многу германски граѓани. Во време на инфлација, ова би бил токму вистинскиот чекор, пишуваат германските медиуми.

Трошоците за парно се зголемуваат и многу граѓани веќе не знаат како да ги загреат домовите во зима. Сега протече предлог според кој треба да има субвенција за парно од 700 евра.

Идејата за годишна субвенција има интересен модел

Зголемените трошоци за енергија вршат притисок врз многу граѓани, особено на домаќинствата со ниски приходи во градовите и општините низ Германија, кои се повеќе се во финансиски проблеми.

За сузбивање на овој проблем, левицата во таа држава бара да се воведе годишна субвенција за парно од 700 евра по физичко лице и дополнителни 300 евра за секое дополнително лице во домаќинството.

Идејата зад ова се заснова на Фондот за греење во Минхен, кој ги поддржува граѓаните со ниски приходи од 2022 година.

Во Минхен парична помош добија над 15.000 домаќинства, со вкупно обезбедени речиси 20 милиони евра. Дека заемот беше успешен, особено во Баварија, каде што ваквите социјални предлози ретко наидуваат на отпор, им дава надеж на другите сојузни држави и градови.

Бројките покажуваат дека греењето се повеќе станува луксузно добро. Според проценките од 2023 година, околу 310.000 Берлинчани не биле во можност доволно да ги загреат своите домови.

Политичарите против оваа идеја

Затоа, левицата сега гледа акутна потреба за акција и го повикува Сенатот во Берлин да спроведе субвенција за трошоците за греење што е можно поскоро.

Но, предлогот за субвенционирање на парното е и критикуван, а критичарите од другите партии сметаат дека планот е незрел и неправеден.

ЦДУ, на пример, ја отфрла идејата како премногу паушална, бидејќи рамната стапка не прави разлика помеѓу реалните потреби и постоечките социјални бенефиции.

Отпор доаѓа и од СПД. Водечките политичари тврдат дека примателите на јавни бенефиции и социјална помош и онака ќе ги сносат трошоците за парно. Затоа, дополнителен фонд би бил непотребен и може само непотребно да ги оптоварува фондовите за социјално осигурување.

Секоја петта сметка беше неточна

Но, не е само политичката дебата што предизвикува конфузија. Левица започна кампања за да им овозможи на граѓаните да си ги проверат сметките за парно. Резултатите се алармантни: секоја петта сметка била неточна.

Дали субвенцијата навистина ќе дојде, останува да видиме. Одлуката сега е на релевантните комисии за домување и социјални прашања. Но, едно е јасно: дебатата за зголемените трошоци за енергија се уште не е завршена, пишуваат германските медиуми.

Fenix-magazine

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy