Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИМ ПРЕЧИ ХЕРОИЗАЦИЈАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ВО БАЊСКА: Рама и Пленковиќ повикаа ЕУ и Западот да ја санкционираат Србија
Регион

ИМ ПРЕЧИ ХЕРОИЗАЦИЈАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ВО БАЊСКА: Рама и Пленковиќ повикаа ЕУ и Западот да ја санкционираат Србија

02/10/2023

AA

Oд Хрватска и Албанија има повици до Западот да ја санкционира Србија поради нападот во Бањска во северно Косово, каде неодамна загина еден косовски полицаец, но и три лица од српска вооружена група. 

Албанскиот премиер Еди Рама и хрватскиот Андреј Пленковиќ ги повикуваат ЕУ и Западот да донесат мерки против Белград

Тие најостро го осудија „насилството на српските паравоени единици на северот на Косово, како и нивното „хероизација“ од Белград, со повик до премиерите на земјите од Европската унија и Западот да донесат мерки против Србија.

„Имаме злосторство, убиство на полициски службеник и имаме хероизација на тие кои го извршија“, рече Рама.

Пленковиќ вели дека тие потези „не можат да останат без одговор“ и дека одлуката на Белград за ден на жалост „речиси подразбира идентификација со тоа што се случило“.

Тој изјави дека ќе следи истрага за целосно да се утврди што се случило, по што специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Приштина и Белград ќе предложи мерки. Пленковиќ рече дека и Европската комисија (ЕК) може да донесе мерки автономно, без согласност на сите земји членки, како што тоа го направи пред неколку месеци против Косово.

Хрватскиот премиер изјави дека е сигурен дека мерките ќе бидат преземени, а Рама повика тие да се спроведат, како што рече, „без губење време“, затоа што одлуката на Белград за ден на жалост не остава простор за поинакви интерпретации.

Властите во Белград велат дека тројцата Срби се брутално убиени во Бањска. 

Шефот на европската дипломатија, Џозеп Борел претходно најави можност за санкции ако не се почитува договореното за деескалација на Косово. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy