ИМ ПОДЛЕГНАА НА ПОВРЕДИТЕ: Во Нови Сад починаа две девојчиња
Девојчиња повредени во несреќата на железничката станица во српскиот град Нови Сад починаа во болница.
Девојчињата Тина (9) и Сара (5) кои вчера беа повредени на железничката станица во Нови Сад, како што пренесуваат српските медиуми, им подлегнале на повредите.
„И двете починаа, ги нема“, изјавил за српски „Курир“ – Бранко Матиќ, дедо на девојчињата.
Во несреќата загина и еден македонски државјанин.