
„Илинден е дел од секој Македонец“ – СДСМ во вторник ќе предложи Резолуција во Собранието
Пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски денеска во одговор на новинарско прашање, истакна дека партијата во вторник ќе предложи резолуција за Илинден во Собранието.
Тој вели дека Илинден е еден од најсветлите празници во македонската историја.
„Светилник на нашата борба за посебност и независност. И тоа не може да го смени и одземе декларација на која било партија. Во или вон Македонија. Илинден е дел од секој Македонец и од целиот македонски народ, на 2ри август ќе го прославиме со полно срце и гордост како 120 години до сега. СДСМ ќе предложи Резолуција за Илинден во македонското Собрание во вторник“, посочи Каевски.
