Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Илиев: Неопходно е подобро кариерно насочување на младите и стратешки промени
Економија

Илиев: Неопходно е подобро кариерно насочување на младите и стратешки промени

28/05/2024

AA

Изборот на идна професија за еден млад човек кој
се одлучува каде да го продолжи следното или високото образование како никогаш
досега е многу неизвесна, благодарение на брзиот технолошки напредок и
непредвидливоста која ја носат алатките на вештачката интелигенција,
блокчејнот, социјалните мрежи  и новите
медиуми.

Во последното
истражување на Проектот Млади кои активно создаваат можности е утврдено дека
постои јаз помеѓу образовните програми и пазарот на труд, дека младите се
определуваат најмногу за ИТ и професии кои се престижни и доходовни, но се
занемарени други занимања кои исто така нудат предизвици и високи примања, како
на пример занаетчистките струки и дејности за заштита на животната средина.

Според Филип Илиев,
менаџер за економски можности во Активноста за млади на УСАИД, неопходно е
правилно кариерно насочување со фокус на неопходните вештини. Исто така мора да
се држи чекор со технолошките револуции.

„Имаме неусогласеност помеѓу формалното
образование и побарувачката на пазарот на трудот и голем дел од младите
одговориле дека не работат тоа што студирале или учеле и од тука ни произлегува
трендот на честа промена на работните места во првите пет години барајќи
подобри можности и подобар кариерен пат за младите“, вели Илиев. 

Младите
не се доволно правилно насочени за идните професии

Со секоја економска и технолошка
трансформација одредени професии ќе исчезнат, но и ќе се создадат можности за
создавање нови. Сепак, како и со секоја транзиција процесот на преквалификација
е бавен и тежок, и затоа треба однапред да се направат подготовки за промените
на пазарот на труд.

„ВИ е неизбежна, таа е веќе започната и
автоматизацијата е неизбежна, тоа е веќе започнат процес. Ние сме тие кои ја
храниме со податоци ВИ. Има дел од професиите кои можеби ќе исчезнат, но со
новата систематизација ќе се создадат нови професии кои би и помагале на ВИ. ВИ
треба да ја користиме правилно и таа би ни помогнала во нашите работни задачи“,
смета Илиев.

Постојат
многу нереални очекувања

За новите генерации приоритет се високите
почетни плати, но и некои нови услови кои беа нетипични за претходните
генерации, како што се вредности на компанијата во која се вработуваат, т.н.
компаниска култура и екстра бенефиции. Сепак, ваквите барања без соодветни
вештини за комуникации и дигитални алатки, решавање проблеми и иницијативност,
не може да бидат „соодветно“ наградени од работадавачите и се создаваат
одредени нереални очекувања.

 „На
прво место кај младите секогаш се финансиските придобивки, на второ место е
можноста за кариерен развој, а на трето место е стабилноста. Младите секогаш
избираат поатрактивни професии, на прво место секогаш е технологијата и ИТ, на
второ место е медицината, а на трето место правото и политиката. Имаме и
професии кои не се актуелни за младите како на пример што е многу изненадувачки
работење во борбата за заштита на животната средина и занаетчиството но, тука
гледаме дека младите се недоволно информирани за тие професии“, потенцира Илиев.

Главните препораки на истражувањето се
промени во образованието, развој на клучните вештини кои им се неопходни на
младите, унапредување на претприемништвото и поддршка на стартапите, како и
инвестирање во програми за зелен и одржлив развој.

Х.С.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy