Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Илија Николов во „Бизнис Муабети“: „Актива“ ќе ги гради маркетите на „Лидл“, 25 отсто од приходите ни доаѓаат од „Ван Хоол“
Економија

Илија Николов во „Бизнис Муабети“: „Актива“ ќе ги гради маркетите на „Лидл“, 25 отсто од приходите ни доаѓаат од „Ван Хоол“

11/10/2024

AA

Илија Николов е основач и сопственик на „Актива3, најголемата компанија од Штип која изведува метални конструкции за фабрики и други големи објекти, како и шасии и автомобилски делови, пред се за странскиот инвеститор „Ван Хоол“. Машинскиот инженер во поткастот „Бизнис Муабети“ со Мишко Иванов вели дека неговата фирма сега има обрт од 50 милиони евра годишно, но пресуден момент бил доаѓањето на странските инвестиции во слободните индустриски зони.

– Јас сум еден од најголемите коцкари во Македонија, иако не сум влегол во коцкарница. Треба да имате осет каде и како да влезете во еден проект и успешно да го реализирате – со кои партнери и како да го изменаџирате. Тоа го пренесов и на синовите, а успешно ги научивме и позитивните работи од западните фирми кои дојдоа во Македонија, пред се коректноста, професионализмот и сериозноста. Станува збор за ланец на снабдување кој треба да функционира на дневно ниво и не треба да има доцнење, вели Николов.

Вели дека присебноста му е од тоа што потекнува од работничко семејство, но и дека се консултира со бирото Рафајловски и Комерцијална банка

– Со Лидл влегуваме во проекти.Нашата компанија во дистрибутивниот центар во Куманово ќе ја прави кровна конструкција која тежи 2-3 илјади тони. Актива ќе гради нивни маркети, обострано се стекнува едно доверие и после е лесно да се донесе одлуката да се потпишат договорите, иако секогаш треба да се направи добра анализа пред да се склучи некој аранжман, додава Николов.

Во короната кризата, додека немало работа за основната дејност, направил комплекс со 360 станови во Штип,но голем дел од нив ги купиле неговите работници и високообразовниот стручен кадар.

– За 85 отсто од учеството тие се задолжија кај комерцијалните банки, додека останатите 15 отсто им беше субвенција од „Актива“. Зборуваме за некаде од 8.000 до 12.000 евра „субвенција“ по стан и тоа ние го дадовме на нашите инжинери. Тие се задоволни и лојални. Живеат веќе неколку години во тие станови и задоволни се. Се потешко може да се дојде до квалитетни кадри и работници. Тоа ние мораме да го негуваме, смета генералниот директор на „Актива“.

Компанијата досега направила 18 конструкции во слободните индустриски зони, но и логистички центри и спортски објекти. Од 2012 во автомобилската индустрија е главен добавувач на Ван Хол, со комплетни шасиски делови и целата метална конструкција. Шасии се изработуваат и за рударски машини, влечни приколки за аеродромскиот сообраќај,како и за машини за асфалтирање.

– До 2012 се занимававме со ситни домашни занаетчиски работи, но со доаѓањето на првите компании во тирз-зоните ние храбро влеговме во трката, успеавме да ги договориме Џонсон Контролс и Ван Хол. Со тоа од мала компанија од вкупен приход од 5 милиони евра, во 2013 пораснавме на 20 и нешто милиони евра. Тоа ни овозможи да размислуваме за брз развој на компанијат. Сега имаме 500-тини вработени и остваривме за ланската година приход од околу 50-тина милиони евра. 25 отсто од приходите доаѓаат од Ван Хоол

Но, се ре реивестира во машини, добивката оди во реинвестирање и затоа развојот на нашата компанија е голем, дури и странците се чудат како така брзо успеавме да пораснеме. Ние имаме 40 милиони евра вложено досега во високотехнолошки машини. Една чини по милион евра, но за нас тоа е иднината,тврди тој.

Николов открива и кој е мотивот за странските инвеститори да доаѓаат во Македонија. Просечната плата која ја дава е 560 евра.

– Калкулацијата на Ван Хоол за исплата на нето-плата по работник во Белгија е 2.000 евра и осигурување 800 евра. На тие пари 92 отсто се плус придонеси.Тоа е околу 5.500 евра трошок по работник,.а сега е околу 6-7 илјади евра, но од овие пари работникот ќе земе само мал дел, вели Николов.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy