Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Илјадници верници во Бигорски за Велигден
Македонија

Илјадници верници во Бигорски за Велигден

17/04/2023

AA

Илјадници верници го посетија македонското древно светилиште, Бигорскиот манастир за Христовото воскресение Велигден.

Присуството на неколку илјадници верници, во саботата и со повеќе стотици во другите денови, од сите делови на државава, но и на верници од православниот свет од повеќе европски држави, само потврдува дека Бигорски останува духовен центар за поширокиот балкански регион.


>> Биди дел од нашата Viber група <<

Меѓу илјадинците верници беа и вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска и министерката за одбрана Славјанка Петровска.

-Ден на сецело очистување и спасение блеска со силна небесна светлост. Радоста на ангелите и небесната песна ги обзема земнородните. Човекот се сроди со Бога во нераскинлива заедница на љубов и слава. Празник на човечкото воскресение и отворање на вратите на вечноста. Нашата Бигорска Обител деновиве ни беше нашиот Ерусалим во кои се извршија најголемите настани за човечкото спасение, а круната на вечната победа – победата над смртта – беше вострубена од радоста на нашиот Старец и Игумен, Епископ г. Партениј, којашто се пренесе во секој присутен закопнеан по воскресение, велат од Бигорскиот манастир.


Во овој манастир, каде првпат пред 15 години беше донесен Благодатниот оган, најголемата радост која му се случува на човечкиот род, ја соопшти епископ Антаниски г. Партениј. Со пасхален восхит и восклик владиката Партениј беседеше за Воскресението како негов сведок, со зборови полни со благодат и сила.

– Да се празнува Света Пасха, премин, Воскресение, значи да се учествува во „новата твар“ што со Своето сеславно Воскресение ја сотвори Спасителот на светот, нашиот Господ Исус Христос. Оти, Он дојде во светот, за одново да го пресоздаде светот, да го преобрази завладеаниот од смрт Адам и паднатото во грев човештво. „Исус од Назарет, Човекот посведочен од Бога со сили, чудеса и знаци, Кого смртта немаше сила да Го задржи“ (сп. Дела 2,22-24), стана за нас новиот Адам. Така, нашиот призив е да станеме и ние причесници и сотворци на новата твар во Воскресението, на новиот свет што Христос го покажа, рече меѓу другото во својата беседа владиката.


Некој можеби, додаде, ќе ни противречи: „Ама, каков е тој нов свет, кога насекаде околу нас го гледаме токму спротивно од она за кое Исус говореше“.

– Гледаме зло, војни, закоравени и закрвени уверувања, меѓусебно спротивни филозофии и фанатизам, страдања и смрт“. Меѓутоа, доколку добро се вгледаме во човечката историја, во личните животи на оние кои го избрале крстовоскресниот пат, во житијата на светиите, во срцата на охристовените личности, ќе забележиме и ќе констатираме дека Воскреснатиот навистина создаде еден нов свет, нова стварност чиешто градиво е благодатта, милоста и љубовта Божја. И токму во спротивставеноста со паднатиот свет „кој лежи во зло“ (1. Јован. 5,19), ние ја воочуваме реалноста на новата твар, на богосотворениот свет. Гледаме, имено, луѓе кои иако опкружени од злото избрале да бидат последователи на доброто; луѓе, кои, иако притеснети од тагата и меланхолијата на овој свет, славно се радуваат и ликуваат во светот на благодатта. Гледаме личности кои среде темнината на злото во овој век, блескаат со надумна светлина и убавина, рече г. Партениј.

Манастирот е основан во далечната 1020 година од монахот Јован Дебарски кој тогаш станал Охридски архиепископ. Посветен е на Крстителот Господов, Свети Јован, за кого самиот Господ Исус Христос рекол дека меѓу родените од жена нема поголем од него. Преживеал многу премрежија и голготи, како што беше и последната трагедија од 30 септември 2009 година, кога пламените јазици го пеплосаа Горни Палат. Но, секогаш се извишувал како феникс за да може да „говори“ за постоењето на православието на овие простори.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Израелската амбасадорка со пофалби за брзата реакција на македонските власти

13/04/2026
Македонија

🎥 СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ПРЕДУПРЕДУВА ДА НЕ СЕ НАЈДЕМЕ ИЗГУБЕНИ ВО

13/04/2026
Македонија

СДСМ: Време е за правда – Груевски на издржување казна!

13/04/2026
Македонија

АМБАСАДОРКАТА НА ИЗРАЕЛ ГИ ПОЗДРАВИ НАПОРИТЕ ЗА ОТКРИВАЊЕ НА СТОРИТЕЛИТЕ

13/04/2026
Македонија

АДВОКАТОТ ТУФЕГЏИЌ ОСТРО ГО НАПАДНА СДСМ „Јадна и очајна опозиција,

13/04/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ГО ОСУДИ ПАЛЕЊЕТО НА ЕВРЕЈСКАТА ЗАЕДНИЦА „Нема место за

13/04/2026
Македонија

Шест лица приведени за семејно насилство за Велигден, вкупно пријавени

13/04/2026
Македонија

ДЕЦАТА ДОБИЛЕ РАСЕКОТИНИ ОБИДУВАЈЌИ СЕ ДА ГО СПРЕЧАТ ТАТКА СИ

13/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42435
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Израелската амбасадорка со пофалби за брзата реакција на македонските власти

13/04/2026

Израелската амбасадорка во земјава, Вивиан Аисен упати благодарност до македонските власти за нивната брза и решителна реакција во врска со

🎥 СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ПРЕДУПРЕДУВА ДА НЕ СЕ НАЈДЕМЕ ИЗГУБЕНИ ВО ПРЕВОДОТ Во меѓународните судови се

13/04/2026

Во правото има нешто што се нарекува правен јазик, таму мора да има разбирање и меѓу судиите, јавните обвинители и

СДСМ: Време е за правда – Груевски на издржување казна!

13/04/2026

СДСМ попладнево ја поздрави јасната и недвосмислена порака на Петер Маѓар од денешната прес-конференција.  „Новата унгарска власт повеќе нема да

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy