Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Илјадници протестираа во Франција против полициското насилство
Македонија

Илјадници протестираа во Франција против полициското насилство

24/09/2023

AA

Десетици илјади се приклучија на протестот „против полициското насилство“ вчера во неколку француски градови, вклучително и во Париз, каде тројца полицајци беа полесно повредени во напад на нивниот автомобил, пренесе Франс прес.

Според француското Министерство за внатрешни работи, околу 31.300 луѓе (вклучувајќи 9.000 во Париз) учествувале на протестите низ целата земја. а според синдикатот Генерална конфедерација на трудот и радикалната левица „Непослушна Франција“ – околу 80.000 луѓе, од кои 15.000 во Париз.

Околу стотина синдикати, политички организации и други групи повикаа на оваа демонстрација, која ја поддржаа и 150 филмаџии.

Во главниот град, по мирниот почеток, поворка од стотици лица со качулки ги скрши стаклата на филијалите на банките и фрлаше со камења врз полициски автомобил.

Според полициската префектура, автомобилот, кој бил заглавен во сообраќаен метеж, бил нападнат „со железни прачки“. Еден од полицајците накратко излегол од возилото со пиштол во рака за да ги држи демонстрантите подалеку, според неколку видеа објавени на социјалните мрежи, чија автентичност ја потврдил полициски извор.

Другите полицајци кои пристигнале да помогнат го прекинале нападот.

Тројца од четворицата полицајци во автомобилот се полесно повредени, изјави за медиумите началникот на полицијата Лоран Нунес. „Во моментов работиме на обидот да ги идентификуваме сторителите на овој напад. Сега имаме три лица за кои се верува дека се вклучени во овие акции кои се уапсени“, додаде тој.

Според извештајот објавен подоцна во вечерните часови од МВР, вкупно шест лица се уапсени низ Франција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Франција: Две лица загинаа, 17 повредени!

26/06/2025

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy