
Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ осуден условно на две години за набавката на кинеските автобуси
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на ЈСП, Игор Јанушев е осуден на двегодишна условназатворска казна која ќе ја издржи ако во рок од пет години стори друго кривично дело. На пресудата не дојдоа ниту обвинителката Лиле Стефанова, ниту Јанушев и неговите адвокати, пренесе „А1он“.
Јанушев, заедно со уште две лица кои заедно со него биле дел од Комисијата за јавна набавка и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески беа обвинети за набавка на кинеските двокатни автобуси во 2010 година, за делото „Злоупотреба на службената положба и овластување“.
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ги гонеше дека во спроведувањето на јавната набавка за 200 двокатни автобуси со тоа што фаворизирале кинеска компанија која немала доставено банкарска гаранција за понудата и сертификат за квалитет. Комисијата за јавни набавки наместо да ја отфрли понудата како некомплетна, продолжила со постапката и ја избрала кинеската понуда, иако имало понуда од бугарска фирма, која била за 4,77 милиони евра пониска.
За овој предмет, Јанакиески и двете лица вклучени во набавката признаа вина и беа осудени на условна казна од две години затвор ако во следните пет години не сторат ново кривично дело.