
Иако најави, Ѓоковиќ најверојатно нема да игра на двата Мастерса во САД!?
Засега е сигурно само дека ќе игра во Индијан Велс кој почнува кон крајот на оваа недела. Настапот во Мајами зависи од тоа што ќе се случи во Калифорнија. Ако стигне до завршницата во Индијан Велс, Ѓоковиќ речиси сигурно нема да патува во Флорида, а учеството на вториот Мастерс е можно само ако испадне во раната фаза на првиот турнир.
Во случај на титула во Индијан Велс, Ѓоковиќ речиси сигурно се враќа дома и ќе паузира до стартот на сезоната на земја што ќе биде негов приоритет оваа сезона бидејќи Олимписките игри ќе се играат на земјена подлога, на терените на „Ролан Гарос“. Затоа, поважни ќе му бидат турнирите почнувајќи од 7 април кога почнува Мастерсот во Монте Карло.
