Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 И здравје и работа: „60 милиони руски причини за да се изгради рударскиот комплекс Иловица“
Македонија

И здравје и работа: „60 милиони руски причини за да се изгради рударскиот комплекс Иловица“

22/04/2024

AA

Главниот политикант од Струмичката котлина се јави со непристоен предлог после пресот на концесионерот на Иловица со кој најавија меѓународна арбитража тешка милијарди евра. Според неговото најново писание најдобро било да сме му исплатиле на концесионерот онолку колку што инвестирал до сега (60 милиони евра) за реализација на проектот и да исчезне од животите на лажните еко активисти, објавува здружението на граѓани од струмичката котлина „И Здравје и Работа“.

Клучната дилема e зошто овој самопрогласен заштитник на Македонија од нови рудници толку лесно се расфрла со 60 милиони евра? Да не стојат зад понудата неговите налогодавачи? Овој непристоен предлог неодоливо потсетува на оној на руските газди на Бучим до концесионерот на Иловица, кој во 2019 звучел вака – или ние теренски ќе го реализираме проектот Иловица-Штука или нема никогаш да го изградите (читај ќе ви го хушкаме локалното население).

Дали некој после пресот на концесионерот за арбитража гледа шанса да ја преземе концесијата за Иловица-Штука? Особено ако политичката партија на која јавно и се восхитува главниот политикант стане дел од идната извршна власт?

Жителите на Струмичката котлина прочитаа дека зад лажните еко активисти стојат антизападни центри на моќ. Затоа се повеќе се осамени. Нивната задача е да шират постојан страв по здравјето и животната средина и да креираат незадоволство кое ќе ги притиска партиите да носат погрешни политички одлуки под закана за помалку гласови на разни избори. И за оваа улога лажните еко активисти профитираат.

Нивната најголема “жетва” е сега пред изборите. Мудро би било најодговорните политички партии да не влетаат во замката што им ја местат анти НАТО играчи кои сакаат македонскиот бакар да остане во нивна надлежност. Доволно е да ги прашаат овие уценувачи зошто никогаш не протестираат против Бучим, рудник за бакар изграден во 70-те години на минатиот век?

Модерен рударски комплекс Иловица со највисоки светски еколошки стандарди е економски излез за Струмичката котлина и за целата држава. Формула за враќање на младите назад во регионот.

Затоа, уште еднаш повторуваме ако Македонија изгуби на арбитража тогаш лажните активисти ќе добијат кривични пријави за доведување на државата во подредена правна положба и нанесување на тешки штети врз државниот буџет!

П.С. Ако оние кои стојат зад лажните еко активисти навистина мислат дека милијарди евра тешката арбитража е блеф, тогаш зошто “нудат” 60 милиони евра за покривање на досегашните трошоци на концесионерот?

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy