Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИЈЗ: Пад од 3,2 отсто на новозаболени од грип
Македонија

ИЈЗ: Пад од 3,2 отсто на новозаболени од грип

27/02/2026

AA

Во текот на изминатата недела во земјава се евидентирани 1.113 случаи на грип и заболувања слични на грип, што претставува благо намалување во однос на претходниот извештаен период.

Според податоците на Институт за јавно здравје, во периодот од 16 до 22 февруари бројот на нови случаи е намален за 3,2 проценти во споредба со неделата претходно.

Најголем дел од новозаразените – 621 лице – се на возраст од 15 до 64 години. Кај децата од 5 до 14 години регистрирани се 185 случаи, додека 164 се кај најмалите, на возраст од 0 до 4 години. Кај лицата над 65 години пријавени се 143 случаи. Највисока инциденца од 169,9 на 100.000 жители е забележана токму кај децата до четиригодишна возраст.

Најмногу заболени се пријавени во Скопје – 669 случаи, по што следуваат Струмица со 81, Прилеп со 61 и Тетово со 50 случаи. По 37 случаи се регистрирани во Гевгелија и Охрид. Во повеќе други градови бројот на заболени е под 30, додека во Крушево, Валандово, Крива Паланка, Демир Хисар, Берово, Кочани, Ресен, Виница, Делчево и Пехчево не се пријавени случаи на грип или заболувања слични на грип.

Од почетокот на сезоната 2025/2026, вкупниот број регистрирани случаи достигна 14.984, а досега се евидентирани четири смртни случаи асоцирани со грип.

Заклучно со минатата недела, во државата се вакцинирани 79.118 лица.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички во

27/02/2026
Македонија

Продолжува стабилно и релативно топло време

27/02/2026
Македонија

ЗАТВОРЕНИК ОД „ИДРИЗОВО“ ЈА ДОБИ ПРАВДАТА ВО СТРАЗБУР Му била

27/02/2026
Македонија

Му дала 2.700 евра, па барала да и врати 15.000

27/02/2026
Македонија

Трендафилов најавува можен генерален штрајк и масовен протест во март

27/02/2026
Македонија

АХВ го повикува градоначалникот на Крива Паланка да соработува за

27/02/2026
Македонија

Поради одрон затворена обиколницата во Битола

27/02/2026
Македонија

КОЛКУ ЛИ ГИ ИМА ТИЕ ШТО ВОЗАТ БЕЗ ВОЗАЧКИ? Во

27/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42012
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички во вредност од 1,2 милиони денари

27/02/2026

Секторот за контрола и истраги откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од

Продолжува стабилно и релативно топло време

27/02/2026

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во

ЗАТВОРЕНИК ОД „ИДРИЗОВО“ ЈА ДОБИ ПРАВДАТА ВО СТРАЗБУР Му била извршена тортура од командир

27/02/2026

Македонија се обврза да му исплати 11.295 евра отштета на затвореникот Фитим Муслиу кој ја тужеше државата пред Европскиот суд

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy