Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИЈЗ: Норовирус потврден кај шест деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“ – четири се уште хоспитализирани
Македонија

ИЈЗ: Норовирус потврден кај шест деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“ – четири се уште хоспитализирани

29/11/2025

AA

Тринаесет деца од Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ досега побарале медицинска помош на Клиниката за детски болести, а четири од нив се уште се хоспитализирани, но се во добра здравствена состојба, соопшти директорот на Клиниката, Реџеп Мемеди.

Целосно се завршени анализите на мострите од вода земени од училиштето, а физичко-хемиската и микробиолошката анализа покажуваат дека водата е во рамките на референтните вредности, без присуство на тешки метали, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Сепак, анализа на биолошки материјал од седум земени примероци од деца кои јавиле симптоми покажала присуство на норовирус кај шест од нив.

„Од мострите од храна и работни површини од училиштето беа пронајдени фекални бактерии Enterobacteriaceae во мусаката и на неколку површини од кујната и училиштето, што укажува на нехигиена“, соопшти ИЈЗ.

Дополнително, од девет чешми кои беа тестирани, три беа позитивни на бактериите од групата Enterobacteriaceae – едната во кујната и две во училници, истакна директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска.

Директорот Мемеди потсети дека седум деца биле задржани на болнички третман со симптоми како стомачна болка, дијареа, повраќање и температура, а три од нив веќе се пуштени дома. Четири деца продолжуваат со болнички третман и се очекува до понеделник да бидат отпуштени, по добивање на целосно стабилна здравствена состојба.

По појавата на симптомите кај учениците, Инспекциските служби на ИЈЗ, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведоа вонреден инспекциски надзор во училиштето поради сомнежи за труење.

ИЈЗ најавува дека за дополнителните мостри од другите девет училишта ќе информира во понеделник и дека е во постојана комуникација со надлежните институции за сите нови информации.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АКО ИМА УМ И РАЗУМ, ЌЕ ИМА И СПАС ЗА

03/03/2026
Македонија

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026
Македонија

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026
Македонија

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата

02/03/2026
Македонија

ОЈО СО ПРВИ ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КАРПОШ Наредена обдукција

02/03/2026
Македонија

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ!

02/03/2026
Македонија

ОЈО: Наредена обдукција на телата на починaтите жена и дете,

02/03/2026
Македонија

„СЕДИ ДОМА И СИ ПИЕ ЧАЈ“ Димитриевски вели дека куќниот

02/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42154
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АКО ИМА УМ И РАЗУМ, ЌЕ ИМА И СПАС ЗА ПРОЦЕСОТ „ПУЛС“ Само итна ревизија

03/03/2026

Речиси една година по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 млади луѓе и беа повредени околу

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026

Сообраќајна несреќа се случи вечерва кај Соборниот храм во Центар. Се претпоставува дека возачот изгубил контрола и се качил на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy