Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СПАСОВСКИ ОСТАНУВА КООРДИНАТОР ВО СОБРАНИЕТО, А РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ ИСЧЕЗНА Епилог од кавгата во врвот на СДСМ
Македонија

СПАСОВСКИ ОСТАНУВА КООРДИНАТОР ВО СОБРАНИЕТО, А РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ ИСЧЕЗНА Епилог од кавгата во врвот на СДСМ

29/11/2025

AA

Оливер Спасовски останува координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието, рече денеска на прес-конференција претседателот на партијата Венко Филипче.

Тој одговори на новинарско прашање во врска со неодамнешната изјава на Спасовски дека понудил оставка од функцијата координатор на пратеничката група на СДСМ.

  • СПАСОВСКИ НЕ СЕ СОГЛАСУВАЛ СО ПРЕДЛОГ-РЕЗОЛУЦИЈАТА НА СДСМ ЗА ОДНОСИТЕ СО БУГАРИЈА Поради тоа се откажал од позицијата координатор на пратеничката група

– Да, тоа се случи меѓу двата изборни круга, но причина за тоа беше едно недоразбирање од техничка природа, кое што го расчистивме во меѓувреме. Ја разбирам неговата реакција во однос на тоа прашање, поради тоа што тоа доведе до една таква непријатна ситуација, која што не беше ниту намерна, ниту тенденциозна. Но, како и да е, поразговаравме и по расчистувањето на тоа недоразбирање, сепак Оливер Спасовски ќе остане координатор на пратеничката група на СДСМ – истакна Филипче.

Поранешниот министер за внатрешни работи Спасовски, неодамна не зборуваше за „недоразбирања д техничка природа“, како што орезентира Филипче, туку рече дека понудил оставка во моментот кога требало да се поднесе резолуцијата до Собранието за „црвените линии“ со Бугарија. Спасовски додаде дека е точно дека барал да биде сменет од функцијата координатор поради овој предлог на партијата, затоа што бил против таков чекор.

Во документот на СДСМ се предагаше Собранието да ја заврши постапката за измена на Уставот со финално гласање најдоцна до 10 февруари 2026 година.

Оваа резолуција до денес не е доставена до Собранието за разгледување.

 

ФИЛИПЧЕ ПРЕДЛАГА ДО 10 ФЕВРУАРИ 2026 ГОДИНА ДА ЗАВРШАТ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ Лидерот на СДСМ ги објави црвените линии

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам –

24/08/2026
Македонија

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги

24/08/2026
Македонија

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците

24/08/2026
Македонија

Пожар го блокираше експресниот пат Штип – Кочани

24/08/2026
Македонија

ФОТО Пожарите околу Скопје донесоа чад и мирис на гареж:

24/08/2026
Македонија

Забранета водата за пиење во велешките села Иванковци и Кумарино

24/08/2026
Македонија

21 пожари низ Македонија, активни 7

24/08/2026
Македонија

Приведен 71-годишен скопјанец во Охрид: Агресивно се однесувал и испрскал

24/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45228
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам – постојано се појавуваат нови жаришта

24/08/2026

Пожарот на планината Китка веќе десетина дена создава сериозна опасност за шумските предели и населените места во околината, а според

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги уништи земјоделските насади

24/08/2026

Град и силно невреме проследено со интензивен град со големина на орев го зафати селото Дебреште. Според сведоштвата и фотографиите

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците упорно го палат

24/08/2026

Пожарот на планината Китка, кој е најкомплексен за гасење во земјава, повторно е активен откако бил намерно подметнат од страна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy