Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИЈЗ ГИ ОБЈАВИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ТРУБАРЕВО: Нема зголемена радиоактивност во воздухот, водата и почвата
Македонија

ИЈЗ ГИ ОБЈАВИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ТРУБАРЕВО: Нема зголемена радиоактивност во воздухот, водата и почвата

15/09/2025

AA

Деталните анализи на воздухот, водата и почвата од околината на опожарениот објект во Трубарево не покажуваат зголемени нивоа на радиоактивност, соопшти денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), отфрлајќи ги стравувањата на јавноста за радијациона опасност по пожарот во фабриката за рециклирање. Резултатите од мерењата за присуство на тешки метали во почвата се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Стручен тим од ИЈЗ, во координација со Државниот инспекторат за животна средина и Министерството за здравство, извршил вонредна контрола и земал примероци од воздух, вода од водовод, бунари и бари, како и од почва, за испитување на радиоактивност и физичко-хемиска анализа.

Според објавените резултати:

Воздух и вода: Испитувањата за јонизирачко зрачење (радијација) покажале дека вредностите се во рамки на нормалните референтни граници, без никакво отстапување.

Тешки метали во вода: Анализите не покажале отстапувања од вредностите за содржина на тешки метали. Единствено е регистриран индикатор за зголемена содржина на органски материи во подземната вода, за кои од ИЈЗ велат дека се од друго потекло.

Радиоактивност во почва: Лабораториските анализи на примероци од почвата за присуство на специфични радионуклиди (Радиум-226, Ториум-232 и Калиум-40) исто така потврдиле дека нема зголемена радиоактивност, во согласност со законските прописи.

Дополнително, тимот за радијациона заштита на ИЈЗ извршил и директни дозиметриски мерења на самиот терен, на шест мерни точки во кругот на фабриката, вклучително и на влезот во опожарениот склад. Заклучокот од овие мерења е дека на ниту едно место не е констатирано зголемување на радијацијата, а измерените вредности се во рамките на природниот фон на зрачење.

Од Институтот за јавно здравје најавуваат дека резултатите од последната анализа – за присуство на тешки метали во земените примероци од почва – ќе бидат готови и јавно објавени во текот на утрешниот ден.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy