
И во кошарката се забега: Американец на СП ќе игра за репрезентацијата на – Кина!
Кошаркарот на Минесота Тимбервулфс, Кајл Андерсон, доби кинески пасош со што доби право да игра за нивната репрезентација. Имањето натурализиран играч не е ништо необично во светската кошарка во последните децении, но зачудувачки делува која тоа го прави селекција како Кина, која е една од најзатворените држави и која не е баш во добри односи со САД.
Селекторот кинеската селекција, Александар Ѓорѓевиќ, во списокот за Мундобаскетот веднаш го вклучи Андресон, кој од денеска има ново име – Ли Кајер. Асот на „волците“ од Минесота под ова име ќе настапи на СП 2023 ќе настапи асот на Минесота.
„Поздрав до навивачите во Кина, јас сум Ли Кајер. Среќен сум што можам да објавам дека ќе ја претставувам Кина на Светското првенство. Горд сум и чест што го носам дресот на Кина“, напиша Андерсон.
Тој минатата сезона имаше важна улога во тимот на Минесота со просек од 9,4 поени, 5,3 скока и 4,9 асистенции на 69 настапи во НБА, поради што нема дилема дека ќе биде големо засилување за Александар Ѓорѓевиќ. Кинезите на Мундобаскетот се сместени во групата Б заедно со Србија, Јужен Судан и Порторико.
