
И Јунајтед влезе во трка за Рајс – 40 милиони фунти плус Мегваер и Еланга
Според информации на новинарот Сами Мокбел од „Дејли Мејл“, Јунајтед во Лондон испратил понуда од 40 милиони фунти во кеш и плус двајца фудбалери. Првиот е најскапиот дефанзивец на светот Хери Мегваер, кој не е во плановите на Ерик Тен Хаг, како и младиот Ентони Еланга.
Прашање е дали за „чеканите“ ваквата понуда е прифатлива, зашто тие барем според најавите сакаат исклучиво пари за да може потоа да реагираат со ангажман на замена за дефанзивниот фудбалер за врска. Досега, Вест хем одби две понуди од Арсенал, а Сити најави дека може да потроши и до 100 милиони фунти за ангажман на англискиот репрезентативец.
