
И џудистот Марио Нелоски започна да прима „Трикафта“
Министерот за здравство Фатмир Меџити на својот Фејсбук профил објави дека и џудистот Марио Нелоски започнал да прима лек „Трикафта“.
„11 години се занимава со спорт. На три месеци по неговото раѓање е дијагностициран со цистична фиброза. За него, најважно од сѐ е здравјето, но и да настапува на големи натпревари за да докаже дека момче со оваа ретка болест може да го оствари својот сон и да направи успех што ќе се памети.
Пред неколку денови тој го прими лекот Трикафта на Клиниката за детски болести и е во добра здравствена состојба. Марио е пресреќен што ја прими терапијата, а јас сум задоволен што го подобруваме животот на пациентите со цистична фиброза.
Верувам дека повторно во иднина ќе настапува на натпревари во џудо и ќе го бодрам на трибините за освоени следни медали со кои сите ние ќе се гордееме!“, вели Меџити.
