
И ТРЕТ РУДАР ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО ФАТАЛНАТА НЕСРЕЌА ВО СЛОВЕНИЈА: Стотици тони тиња го поплавија рудникот на Холдинг Словенске електроне
Спасувачките екипи денеска пронајдоа третото тело на рударot
кој загина во несреќа што се случи завчера во рудник во Велење, Словенија,
јавија словенечките медиуми.
Стотици тони тиња прексиноќа влегоа во тунелите на рудникот
во сопственост на државната компанија Холдинг Словенске електроне. Во моментот
на поплавата во рудникот работеле 14 рудари.
Причината за несреќата се уште не е утврдена, но рударските
инспектори го истражуваат објектот. Производството во рудникот е прекинато и ќе
продолжи по завршувањето на спасувачката операција, изјави вчера премиерот
Роберт Голоб.
Рудникот главно ја снабдува со јаглен термоелектраната
Шоштањ и ова е прва фатална несреќа во словенечки рудник откако двајца рудари
загинаа во 2003 година.

