Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 И треба да сме горди! На која голема европска земја и продадовме стоки за 3 милијарди евра?
Економија

И треба да сме горди! На која голема европска земја и продадовме стоки за 3 милијарди евра?

12/12/2023

AA

Македонскиот извоз во Германија за 10 месеци годинава надмина 3 милијарди евра. Тоа е голем успех особено затоа што годинава имаше многу скепса и црни сценарија за забавување на германската економија, намалување на увозот и последиците од тоа. Не се случи тоа, напротив. Германија останува најголем конзумент на македонскиот извоз и двигател на македонската извозна ориентирана економија

Македонскиот извоз во Германија за првите девет месеци годинава надмина 3 милијарди евра, потврди Државниот завод за статистика, кој на крајот на минатата недела ги објави најновите податоци за трговската размена со светот.

И уште еднаш по којзнае кој пат се потврди фактот дека македонската економија во голема мерка е зависна од германското стопанство, а македонската валута – денарот од еврата кои доаѓаат од германските компании за македонските стоки.

Во споредба со истиот периот претходната година забележливо е дека нема промени односно вредноста на извозот е речиси идентична или најпрецизно годинава отстапуваме за 0,1% во споредба со истиот период лани.

Во првите десет месеци германската економија апсорбирала стоки од Македонија во вредност од 3,086 милијарди евра. Ако се анализира резултатот од аспект на стравувањата дека германската економија цело време оди по „црвената линија“ на рецесијата заради проблемите со екстерните шокови од замената на руски гас од една страна и постојаното испраќање воена, хуманитарна и финансиска помош за Украина од друга страна, може да се заклучи дека годинава добро поминавме.

Германскиот конзум на македонски производи е клучниот и најголем импулс за одржување на работоспособна односно фунционална македонска економија. Затоа што македонската економија обезбеди прилив од над 3 милијарди евра кои се просто неопходни за да кај нас работите во економијата се одвиваат па макар и со подзабавено темпо.

Од друга страна Германија во целиот македонски извоз учествува со 44,4 отсто што укажува и на огромна зависност на нашата извозно ориентирана економија на можни шокови во германското стопанство. Сепак, ризикот иако постои сепак е повеќе теоретски затоа што германската економија е моторот за економскиот систем на Европската унија. И што е поважно Германија е една од најголемите 10 извозно ориентирани економии во светот. А ние треба да сме горди со тоа што соодносот во трговската размена со Германија е да се изразиме фудбалски 3:1 за нас.

Како стоиме во трговијата со соседите?

За жал, не е најсјајно. Во најголемите 10 трговски партнери на Македонија има четири земји. Од нив, единствено со Косово имаме трговска размена во која нашиот извоз е поголем од нивниот увоз. Но затоа пак Србија, Грција и Бугарија кај нас продаваат повеќе нивни стоки одошто купуваат наши.

Најголем трговски партнер од соседите е Грција. Нивниот увоз во Македонија за 10 месеци надмина 885 милиони евра. Во најголема мерка вредноста на увозот ја сочинува дизелот, бензините, автоплинот, мазутот и керозинот што увезуваме од таму. Нашите фирми во Грција во овој период извезле стоки вредни околу 260 милиони евра.

Србија е наш традиционален трговски партнер. И тука во размената поминуваме подобро отколку со Грција иако сме во кусок од околу 240 милиони евра за 10 месеци. Нашиот увоз таму е речиси 326 милиони евра и е речиси ист како и со Косово. За 10 месеци од северниот сосед сме увезле стоки во вредност од 565 милиони евра.

Со Бугарија и покрај влошените политички врски имаме затоплување на економските релации. Со нив имаме најмал трговски дефицит во однос на Грција и на Србија. Нашата економија таму извезла стоки вредни 309 милиони евра и тоа во голема мерка е руден концентрат од рудниците за олово и цинк „Саса“, „Злетово“ и „Тораница“. Бугарскиот увоз во овој период изнесува 392 милиони евра и тука доминира струјата.

Со Косоварите нашата трговска размена е традиционално во плус. Годинава трговскиот суфицит е 247 милиони евра , нашиот извоз таму изнесува 328 милиони евра.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy