Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 И „СКОПСКИ ПАЗАР“ Е СИЛЕН ПРОФИТАБИЛЕН ИГРАЧ – како нето добивката во првите девет месеци порасна за 47 проценти
Економија

И „СКОПСКИ ПАЗАР“ Е СИЛЕН ПРОФИТАБИЛЕН ИГРАЧ – како нето добивката во првите девет месеци порасна за 47 проценти

31/10/2023

AA

И Скопски пазар е една од компаниите кои се запишаа на листата на добри профитабилни играчи за оваа година, барем според резултатите за првите девет месеци од годинава. Бројките говорат за зголемена нето добивка за 47
проценти во однос на истиот период лани. 

Или,
во периодот од јануари заклучно со септември годинава, „Скопски пазар“ има
прикажано добивка по оданочување од 1,3 милиони евра, што е пораст за 47
проценти во однос на истиот период минатата година.

Ако
се погледне приходната страна на компанијата може да се забележи дека нините
оперативни приходи, кои во оваа временска отсечка од првите три квартали тежеле
4,25 милиони евра, се практично зголемени за 12 отсто во однос на лани, но ако
се расчлени структурата на тие приходи може да се види дека приходите од
продажбата се намалени, а зголемени се значајно останатите оперативни приходи.

Но,
да одиме со ред. Во првите девет месеци „Скопски пазар“ остварил приходи од
продажба од 3,47 милиони евра, и сите тие се остварени всушност од продажбата
на домашниот пазар, а тоа во однпос на истиот период лани е намалување за 7
проценти.

Додека,
пак, остварени се останати оперативни приходи на сума од 777 илјади евра, и кај нив има енормно зголемување од 1.050 проценти, односно за повеќе од
10 пати. Која е причината за овој пораст не може да се претпостави, но своето
образложенбие до Берзата компанијата го дала следново објаснување.

„Скопски Пазар АД Скопје за периодот Јануари – Септември 2023
година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидиран и
неконсолидиран Биланс на успех. Градежните објекти кои се состојат од
магацински и деловен простор, дадени под оперативен наем се класифицирани во
недвижности за изнајмување по пат на пренос, согласно нивната пренамена. По
првичното признавање како недвижности за изнајмување, овие средства се
признаени по нивните објективни вредности, кои претставуваат пазарни вредности,
утврдени од страна на надворешни проценители со соодветно искуство. Разликата
помеѓу претходно евидентираната вредност и објективната вредност се третира во
согласност со МСС 16 како ревалоризациона резерва во рамките на капиталот на друштвото.
Последователното мерење на градежните објекти, магацински и деловен простор, кои се издаваат под оперативен наем, кои се иницијално признаени по моделот на
објективна вредност, се врши со повторна проценка на нивната објективна
вредност на секој датум на билансирање. Добивката или загубата која произлегува
од промената на објективната вредност се признава во добивката или загубата во
периодот во кој настанала согласно МСС 40“, се вели во
објаснувањето што го дала компанијата.

Кога станува за расходната страна, пак, компанијата што стопанисува со пазарите остварила оперативни расходи од 2,73 милиони евра, што е раст за
само 1 отсто во однос на истиот период лани. Најголема поединечна расходна ставка се
трошоците за вработените, на кои отпаѓаат 1,1 милиони евра, и каде зголемувањето
е за 4 проценти.

Втора по големина е ставката трошоци за
суровини и други материјали, на кои отпаѓаат 569 илјади евра, но кај нив има
намалување за 17 отсто, додека, пак, најголем раст во однос на лани, за околу
44 проценти, има кај услугите со карактер на материјални трошоци, на кои
отпаѓаат 401 илјада евра.

Финансиските приходи се ниски, но има голем
раст од 500 отсто, додека, пак, финансиските расходи се поголеми и кај нив
зголемувањето е за 26 отсто.

Како резултат на сто ова, компанијата
прикажува чист профит од 1,3 милиони евра, што е раст за 47 отсто.

Од компанијата во своето образложение на
билансите уште и потсетуваат дека на редовното Годишно собрание одржано на 30
мај годинава не беше донесена одлука за исплата на дивиденда за 2022 година, па остварената
нето добивка за 2022 година на износ од 1,7 милиони евра се распределила за
инвестиции.

Скопски пазар соопшштуваат и дека оваа
година продолжиле со имплементирање на планираните инвестиции во објектите со кои
стопанисува Друштвото.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy