Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 И по 35 години, нема двојна круна за Реал (ВИДЕО)
Спорт

И по 35 години, нема двојна круна за Реал (ВИДЕО)

19/01/2024

AA

Најтрофејниот шпански клуб Реал Мадрид нема да го брани пехарот од Копа дел Реј откако вечерва, во спектакуларниот дуел со градскиот ривал Атлетико загуби со 2-4 по продолженија.

„Црвено-белите“ со тоа се одмаздија за минатонеделниот пораз во полуфиналето од Суперкупот на Шпанија кога загубија со 3-5, исто така по продолженија, но најважно е тоа што обезбедија пласман во четвртфиналето од Купот. Победата на Атлетико е апсолутно заслужена ако се знае дека домашниот тим го диктираше темпото, водеше со 1-0 и 2-1 преку Лино и Мората пред Облак со автогол и Хоселу да израмнат и да го однесат мечот во дополнителни 30 минути.

И во нив беше максимално драматично, Гризман во 100. минута по трет пат го донесе Атлетико во водство, Реал нешто подоцна постигна гол, но тој беше поништен поради офсајд на Белингам. Конечниот резултат го постави Рикелме во 119. минута.

Поразот од Атлетико значи дека Реал и по 35 години нема да ја освои двојната круна во шпанскиот фудбал (трофеи во првенството и Копа дел Реј). Последен пат тоа го направи во 1989 година, а оттогаш не беше ни блиску до овој потфат бидејќи рано испаѓаше во Купот или од трката за титулата во Ла Лига.

Покрај Атлетико, пласман во четвртфиналето од Копа дел Реј обезбедија уште: Барселона, Атлетик Билбао, Селта, Мајорка, Сосиедад, Жирона и Севиља. Ждрепката за следната фаза ќе се одржи утре во 13 часот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy