Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 И ОВА ГО ИМА НА БАЛКАНОТ: Украла државни пари за да купи скапи чевли
Регион

И ОВА ГО ИМА НА БАЛКАНОТ: Украла државни пари за да купи скапи чевли

23/03/2023

AA

Поранешната секретарка на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, Сандра Жељко ќе оди во затвор, затоа што украла државни пари за да купи скапи чевли. 

Таа ќе помине четири ипол години во затвор бидејќи проневерила најмалку 130.000 евра од државната каса заедно со тогашниот шеф на кабинетот на Милановиќ, Томислав Сауча. При претресот на нејзиниот стан полицијата во плакарот за чевли пронашла повеќе од 80 чифта луксузни чевли, вредни 50.000 евра.

Тие двајца се осудени на затворска казна уште во 2020 година, но Врховниот суд во Хрватска дури сега ја прогласи за конечна. За оваа одлука Жељко дознала сосема случајно затоа што никој од институцијата претходно не ја известил.

„Случајно го видов написот на еден портал, барав нешто, веќе не знам точно што. И кога ја видов конечната пресуда, помислив дека тоа е некаква грешка. Дека можеби е погрешна формулацијата или нешто. Не разбрав, бев шокирана. Влегов во статијата и го видов датумот, 21 март. Бев изненадена, во неверување, не знам што да кажам“, изјави Жељко за локалните медиуми.

Покрај затворската казна, забрането им е да извршуваат јавна функција во следните пет години. И двајцата треба да ја вратат незаконски стекнатата имотна корист, при што Сауча платил 50.000 евра, а Сандра Жељко 80.000.

Според пресудата, Жељко проневерилa многу повеќе пари од нејзиниот тогашен шеф. Таа за хрватските медиуми изјави дека не е виновна и дека само си ја работи својата работа.

Жељко за чевлите се бранеше дека ги купила во претходните 30 години од кариерата, најмногу на попусти и дека ги чувала внимателно.

„Тоа беше главната атракција за полицајците, моите чевли“. Ако мојот криминал се тие чевли… дојдов од Вуковар, останав без ништо. Морам да напоменам дека немам деца, сама сум и со платата си купував што сакав. А ако има некакви брендови, тие секогаш се купуваат со попусти од 50 до 70 проценти. Ако моите чевли се проблем во целата работа, не знам што да кажам. Затоа што, ако имало нешто во мојот стан, тогаш ќе го покажале, немало да се занимаваат со моите чевли“, рече Жељко.

Изјавила дека највисоката цена што ја платила за чевлите била околу 2.150 евра, а некои од нив ги дели со мајка си и со сестра си, со кои и живее.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy