Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 И ОФИЦИЈАЛНО ПОТВРДЕНО: Италијанската компанија „Брера Холдинг“ купи 90 отсто од акциите на Академија Пандев
Економија

И ОФИЦИЈАЛНО ПОТВРДЕНО: Италијанската компанија „Брера Холдинг“ купи 90 отсто од акциите на Академија Пандев

11/05/2023

AA

Фудбалскиот клуб на нашата позната спортска икона Горан Пандев е дефинитивно продадена на италијанската компанија „Брера Холдинг“, односно странската фирма станува сопственик на 90 отсто од акциите.

Со ова се потврдува информацијата која уште пред неколку дена ја објави Фактор, токму за купување на 90 отсто од акциите на Академија Пандев, преку берзанска блок трансакција. 

„Согласно член
166-б од Законот за хартии од вредност објавуваме промени во сопственичката
структура на над 10 отсто на Акционерското друштво Фудбалски Клуб АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ АД
Струмица.

Ве известуваме
дека акционерот „Brera Holdings PLC“ со ЕМБС 721923 со
седиште на 5th Floor Rear, Connaught House 1 Burlington Road Dublin 4 Ireland, имател на 2.250
обични акции, се стекна со 90 отсто од вкупниот број на акции од вредност во
Друштвото“, се вели во известувањето кое самата компанија ја испратила до Берзата.

Инаку, Фактор уште на 5 мај објави дека ден претходно на Македонската берза поминала блок трансакција со акциите на Фудбалскиот клуб академија Пандев од Струмица.

Според податоците од Берзата, во еден наврат, односно во блок трансакцијата, биле продадени 2.250 акции на ФК Академија Пандев, по цена по акција од 16.480 денари, или во вкупен износ од нешто над 37 милиони денари, што, пак, е рамно на 603 илјади евра. Изразено во проценти, тоа значи дека преку блок трансакција биле продадени 90 отсто од Фудбалскиот клуб Академија Пандев, за сума од 603 илјади евра.

Во нашиот текст потсетивме дека уште во февруари годинава беше навестено дека силна италијанска компанија, која котира и на Њујоршката берза Насдак, ќе купи значаен декл од акциите на ФК Академија Пандев. Практично, спортските медиуми во февруари објавија дека италијанската компанија „Брера Холдинг“ излегла на њујоршката берза Насдак, и на јавна понуда собрала околу 8 милиони долари, од кои дел ќе треба да инвестира и во македонскиот прволигаш Академија Пандев.

Брера е аматерски клуб од Милано, трет во градот, по италијанските гиганти Интер и Милан. Инаку, нашата фудбалска легенда Пандев, како што пишуваат спортските медиуми, е член на бордот на оваа американско-италијанска компанија.

Тие тогаш најавија дека го почнуваат проектот во кој прва цел е купопродажбата на Академија Пандев, и една комплетна реконструкција од лето, со цел ова да стане вистински фудбалски бизнис. Струмица, како што пишуваа медиумите, треба да биде центарот на проектот зашто европскиот фудбалски пазар е најголем и најмоќен за промоција на фудбалери, чија продажба треба да го направи многу исплатлив комплетниот фудбалски проект со инвестициите на „Брера Холдинг“ низ светот и создавање на една мрежа на клубови низ која најголемите таленти преку струмичкиот прволигаш потоа би се пласирале во клубови на стариот континент.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ НАЈУБАВИТЕ ЗЕМЈИ ШТО СУМ ГИ ВИДЕЛ, РЕКЛАМИРАЈТЕ

25/09/2026
Македонија

УНИШТЕНИ 202 ЛИТРИ, ОДНОСНО КИЛОГРАМИ СЛАДОЛЕД И МРАЗ Контролирани 560

25/09/2026
Македонија

ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА СКОПЈЕ ТРЕБА ДА СЕ РАЗГЛЕДУВА ВО ЕВРОПСКИТЕ

25/09/2026
Македонија

ГО ОХРАБРУВАМЕ ФИЛИПЧЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГО ВОДИ СДСМ На

25/09/2026
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45791
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ НАЈУБАВИТЕ ЗЕМЈИ ШТО СУМ ГИ ВИДЕЛ, РЕКЛАМИРАЈТЕ ГИ ПРИРОДНИТЕ УБАВИНИ Европратеникот Вајц

25/09/2026

Ефектите од глобалното затоплување нè погодуваат сите подеднакво, а тоа особено се чувствува во земјоделството, рече европратеникот и постојан известувач

УНИШТЕНИ 202 ЛИТРИ, ОДНОСНО КИЛОГРАМИ СЛАДОЛЕД И МРАЗ Контролирани 560 оператори, изречени казни од 19.430

25/09/2026

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) при 560 вонредни инспекциски контроли кај производители на сладолед и мраз, како и во

ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА СКОПЈЕ ТРЕБА ДА СЕ РАЗГЛЕДУВА ВО ЕВРОПСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ Софија одговори на идејата

25/09/2026

Пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија е европско прашање кое треба да се разгледува во рамките на европските институции,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy