Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 И НОВАТА ВЛАСТ ГО ПОЛНИ БУНАРОТ БЕЗ ДНО – МЖ Транспорт
Економија

И НОВАТА ВЛАСТ ГО ПОЛНИ БУНАРОТ БЕЗ ДНО – МЖ Транспорт

26/08/2024

AA

И со новата власт продолжува вообичаената пракса да се префрлаат вонредни милиони евра од буџетот за одржување на Македонски железници Транспорт, а ни на повидок нема јасен план како да се реорганизира ова акционерско друштво во државна сопственист, кое мора да го финансираме, наместо со тие пари да се изгради некој нов јавен објект.

Владата на последната седница на 20 август одлучила Министерство за транспорт на МЖ Транспорт да му префрли наменски 250 милиони денари (4,1 милиони евра) за исплата на „плати и надоместоци од плата на вработените, како и плаќање на обврски кон останати добавувачи на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АДСкопје“

– Се задолжува Министерството за транспорт, средствата од член 1 на оваа одлука да ги префрли на посебна наменска сметка на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АДСкопје, запишано е во одлуката која никаде не беше најавено во јавноста. Единствено членовите на Владата информираа дека ќе му се префрлат 250 милиони денари на „Национални шуми“ како помош, одлука која е донесена во истиот период.

Претходно министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска објави дека со ребалансот, 5,1 милијарда денари се обезбедени за отплата на кредитите кон странство на Јавното претпријатие за државни патишта, Македонски железници,  ЈСП „Скопје“ и ЕСМ, кои како што кажа министерката не се во состојба да ги враќаат кредитите за кои се издадени државни гаранции.

Податоците на Министерството за финансии од вториот квартал годинава покажуваат дека ова железничко претпријатие има доспеани, а невратени долгови од 50 милиони евра.

Во април, со владина одлука беше предвидено АД Државна лотарија да обезбеди позајмица од 120 милиони денари за ЈП за стопанисување со пасишта, „Национални шуми“ и за ЈП Железничка инфраструктура.

Во март пак излезе информацијата дека АД „Железници Транспорт“ издало под закуп две од трите складишта за дизел во депото што се наоѓа помеѓу Лисиче и Кисела Вода. Ова е единствениот голем капацитет што го поседува акционерското друштво за железнички транспорт во земјата.

Во феврурари, пред половина година, беше донесена владина одлука Министерството за транспорт и врски на ова загубарско претпријатие повторно да му  додели 2,5 милиони евра за спас. Станува збор повторно за вонредна помош, надвор од редовното субвенционирање за патничкиот транспорт. Одлуката е донесена заради помош за исплата на плати и како што пишуваше во одлуката – за расчистување со должењата кон добавувачите.

Сето ова следува и покрај тоа што Владата на 10 ноември лани преку зголемување на акционерската главнина му исплати вонредни 16 милиони евра на Македонски Железници – Транспорт за да ги расчисти навремено долговите за електрична енергија. Овие убедливо рекордни досега 962.913.000 денари за железничкото претпријатие се пари кои ги доби наменски надвор од редовните субвенции од Министерството за транспорт и врски за превоз на патници и самофинансирачкиот буџет за товарен транспорт што го наплаќа од големите производствени компании за пренос на суровини.

Владата претходно со одлука на седница одлучи овие 16 милиони евра на Железници на РСМ Транспорт АД Скопје да му ги даде преку 4-та емисија на акции по пат на приватна понуда. Со четвртата емисија, претпријатието издаде 962.913 обични акции при што продажната цена по акција е еднаква со номиналната и изнесува 1.000 денари по акција.  Со новите пари од буџетот, освен сметки за струја, требаше да ги враќа и позајмиците.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор

08/11/2026
Македонија

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од

08/11/2026
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
Македонија

СДСМ СОЗДАВА ЛАЖЕН НАРАТИВ ЗА ЕСМ Платите не доцнат, туку

08/11/2026
Македонија

СДСМ И ВЕНКО ПРВО ДА НАУЧАТ КОЈ Е НАДЛЕЖЕН ЗА

08/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46658
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор на Торакална

08/11/2026

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од Врапчиште доби пријава по расправија

08/11/2026

Двегодишно дете било однесено во Швајцарија без знаење и согласност на неговата мајка, откако таткото претходно се скарал со сопругата.

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ ИМИЊА“ На протести во Скопје

08/11/2026

Со пораките „Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“ и „Не бараме сочувство, бараме одговорност“ граѓани и активистки во Скопје

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy