
И Мурињо се подготвува за Саудиска Арабија
Во моментов тој е тренер на Рома и тврди дека е среќен во римскиот клуб, но нема сомнение дека ќе побара нов предизвик во кариерата.
„Кога станува збор за Саудиска Арабија, ќе бидам искрен: мислам дека еден ден ќе работам во саудиското првенство. Но, кога велам еден ден, не мислам утре или задутре“, изјави Мурињо.
Претходните месеци се зборуваше дека тој би можел да ја преземе и репрезентацијата на Саудиска Арабија, но дали и кога би се случило тоа, никој не може со сигурност да каже.