Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 И МАЛА, И ПРЕПОЛОВЕНА – што ја падна ланската добивка на „Силекс“, не достигна ни 200 илјади евра
Економија

И МАЛА, И ПРЕПОЛОВЕНА – што ја падна ланската добивка на „Силекс“, не достигна ни 200 илјади евра

08/03/2024

AA

Минатата година не му одело сосема
добро на рударскиот комбинат „Силекс“ од Кратово.

Така барем зборува Билансот на успех
на ова акционерско друштво објавен на Берзата за минатата година. Тој покажува
дека лани комбинатот доживеал речиси преполовување на добивката, или прецизно,
нејзино намалување за 43 проценти.

Конкретно, во 2023 година „Силекс“
остварил чист профит од 188 илјади евра, што е намалување од 43 отсто во однос
на претходната 2022 година, кога профитот тежел 332 илјади евра.

Што го преполови профитот на кратовскиот комбинат?

Ако се погледне неговиот биланс на успех може да се види дека на име на
оперативни приходи во компанијата се слеале 1,1 милиони евра, што е иако за
скромни 2 отсто, сепак пораст во однос на приходите остварени од 2022 година.

Главниот дел од овие приходи се оние остварени од продажбата и тоа целосно
на домашниот пазар, каде е регистрирано зголемување за пет проценти.

И всушност, одговорот за намалената
добивка е во многу повеќе зголемените расходи наспроти приходите. Имено, кај
нив е забележан пораст од дури 45 проценти, со што тие дошле до ниво од 995 илјади
евра.

А, што е тоа што ги зголемило трошењата во 2023 година.

Билансот на успех говори дека најголема трошковна ставка е амортизацијата
на материјалните и нематеријалните средства, која на компанијата и донела
расход од 603 илјади евра, што е раст за 11 проценти во однос на претходната
година.

Набавната вредност на трговските стоки е прилично мала сума и кај неа има
пад од 30 проценти.

И огромна ставка на расходната
страна се останатите расходи од дејноста, за кои се платени 359 илјади евра, и
каде што растот е дури 287 проценти, или за повеќе од три пати.

Она што е забележливо е дека
комбинатот ниту во 2022, ниту во 2023 година, не прикажал воопшто никакви
трошоци за вработени, и таа ставка во двете години е буквално нула.

И, сето тоа прави оперативната добивка да изнесува 209 илјади евра, или за
41 отсто помалку во однос на претходната година.

Компанијата немала воопшто финансиски приходи или расходи во 2023 година.

Основна дејност на Силекс е рударството и вадење на камен.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy