Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 И Македонија во домет на иранските ракети – израелската армија објави мапа со потенцијалната теоретска опасност
Македонија

И Македонија во домет на иранските ракети – израелската армија објави мапа со потенцијалната теоретска опасност

13/06/2025

AA

Израелските одбранбени сили (IDF) објавија карта на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) на која се прикажани концентрични кругови што го илустрираат ракетниот домет на Иран. Според оваа илустрација, територијата на Македонија се наоѓа во поширокиот домет до 2.000 километри, што ја става земјата во теоретска опасност доколку дојде до ескалација на конфликтите.

„Иран не му се заканува само на Израел – тој е глобална закана. Израел е само почеток, не и крајна цел“, соопшти израелската војска, оправдувајќи го воздушниот напад врз Иран што беше изведен синоќа во рамки на операцијата „Лавот се буди“ („Operation Rising Lion“).

Цел на нападот биле повеќе од 100 мети, меѓу кои и нуклеарниот комплекс Натанс, централно постројување за збогатување ураниум. Премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека целта на операцијата е „да се неутрализира егзистенцијалната закана“ која доаѓа од иранската нуклеарна програма.

Картата предизвика дополнителна контроверзија поради неточни или погрешно прикажани граници – како што е примерот со тоа што БиХ добила дел од Јадранското Море на сметка на Хрватска. Поради ваквите неточности, IDF се извини со појаснување дека се работи за илустрација, а не за геополитички точна мапа.

„Оваа објава е илустрација на регионот. Картата не ги прикажува прецизно државните граници. Се извинуваме за секоја можна навреда“, се наведува во соопштението на IDF.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОБЛАЧНО И СО ДОЖД Температури до 17 степени

11/04/2026
Македонија

Велигденската трпеза стана луксуз: Граѓаните купуваат „колку за мерак“

11/04/2026
Македонија

Внимавајте со храната за Велигден!

11/04/2026
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА

10/04/2026
Македонија

Официјално: Со возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може да

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42367
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОБЛАЧНО И СО ДОЖД Температури до 17 степени

11/04/2026

Облачно време со услови за слаб дожд во источните делови ја одбележува денешната прогноза, додека температурите ќе се движат до

Велигденската трпеза стана луксуз: Граѓаните купуваат „колку за мерак“

11/04/2026

Годинава, празничната атмосфера пред Велигден не ја следи иста еуфорија на пазарите. Иако тезгите се полни, а понудата разновидна, купувачите

Внимавајте со храната за Велигден!

11/04/2026

Во пресрет на велигденските празници, лекарите апелираат граѓаните да бидат особено внимателни при подготовката и консумирањето на храната, бидејќи токму

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy