Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 И купувањето половни возила станува луксуз во Македонија, државата „глоби“ и од поевтините и од поскапите
Економија

И купувањето половни возила станува луксуз во Македонија, државата „глоби“ и од поевтините и од поскапите

12/03/2025

AA

Солидно половно возило со старост од десет години вреди најмалку 7.000 евра на пазарот на употребувани возила во Македонија. Ако до пред неколку години можеше да се најде автомобил во добра состојба за 3.000 евра, сега тоа е мислена именка.

Во меѓувреме се променија и регулативите на Царинската управа, со кои идејата беше наместо да и плати на државата данок за толку старо возило, купувачите да си ги вложат парите за да си купат поново возило со помала емисија на СО2, со помала амортизација и возило кое помалку загадува.

Една од причините за високата цена на половни возила во земјата е и тоа што се многу високи давачките кон државата, а тоа може да се види и од Данокот на моторни возила кој го наплаќа Царинската управа.

Увозниците од специјализирани фирми за продажба од скопскиот регион кои ги контактиравме, ни рекоа дека учеството на административните давачки во цената на овие автомобили е доста висока, особено во последно време.

– Данокот за моторни возила е основата, но има и други ставки, а пресметката при увоз на овие возила е комплицирана. Ако е постаро возилото, дополнително се плаќа еколошка такса и издувни гасови ЦО2, но ако е полуксузно, поново и над 10.000 евра, се плаќа се поголема акциза со раст на вредноста. По тоа се гледа дека како и да се свртиш, ќе плаќаш големи давачки. Ако се помали овие трошоци што ги наметнува државата и ние ќе понудиме пониски цени. Луѓето овде немаат баш многу пари за ново возило, а сепак имаат потреба да купат и купуваат користено, вели еден од увозниците сопственици на авто-плац со кого „Фактор“ контактираше.

Наплатата на Данокот на моторни возила од страна на Царинската управа е најбрзорастечка од сите други, а тоа може да се види во објавениот извештај за работењето во 2024. Минатата година само по овој основ биле наплатени 2.661.000.000 денари, односно 43,6 милиони евра.

Во однос на една година претходно растот на ова наплата е зголемена за околу 25 отсто, а споредено со 2022 е безмалку двојно повеќе. Тогаш биле наплатени само 24,2 милиони евра.

Во меѓувреме односот при увоз на употребувани и нови возила и натаму останува 4-1. Лани биле внесени во земјата 13.158 нови, наспроти 41.483 половни. И оваа година соодносот е сличен по првите два месеци. Новопроизведени се 1.768, а употребувани биле 7.255.

Како илустрација, на почетокот од годинава кога Царинската управа објави дека во акција се запленети 35 автомобили, директорот Бобан Николовски рече дека „возилата вределе вкупно 20 милиони денари, при што врз Буџетот на државата преку избегнување плаќање увозни давачки е нанесена директна штета од 9 милиони денари“

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy