Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 И ДРЖАВАТА ОЧЕКУВА НЕФЕР ИГРА ОД НЕКОИ ТРГОВЦИ: Ќе има одлуки кои нема да им одат во прилог на некои групи, вели Бектеши
Економија

И ДРЖАВАТА ОЧЕКУВА НЕФЕР ИГРА ОД НЕКОИ ТРГОВЦИ: Ќе има одлуки кои нема да им одат во прилог на некои групи, вели Бектеши

05/03/2024

AA

Министерството за економија ќе носи одлуки кои, според ресорниот министер Крешник Бектеши, нема да бидат во прилог на одредени групи кои би направиле злоупотреби и енормно зголемување на цените во периодот додека да биде објавена конечната листа со производите што ќе бидат опфатени со законот за забрана на нефер трговски практики и додека не се променат договорите на снабдувачите со трговците.

Бектеши вечерва во гостување на ТВ Сител рече дека од над 2500 производи кои ќе бидат опфатени со законот, 70 до 80 проценти се земјоделски и прехранбени производи што се на пазарот во државава.

-Над 2500 производи се прилагодени на новото законско решение, кое денеска е усвоено на Комисија и најверојатно на наредната пленарна седница на Собранието согласно моите информации на 11. или 13. месецов ќе биде усвоено. Утредента откако ќе биде објавено во Службен весник веднаш ќе отвориме јавна расправа со стопанските комори и со Организацијата на потрошувачи, а преку медиумите ќе ја објавиме целосната листа на производи кои предлагаме да бидат во склоп на ова законско решение каде е предвидено да нема повеќе од 10 проценти маржа во ланецот на снабдување на земјоделските и прехранбените производи, рече Бектеши, најавувајќи дека листата ќе се прошири ако има барања.

Убеден е дека законот ќе биде изгласан и од опозицијата имајќи предвид, како што рече, дека е во интерес и на потрошувачите и на домашните производители кои на некаков начин се уценуваат од страна на одредени ланци супер маркети. 

Според Бектеши, и покрај шестемесечниот период за примена ќе нема големо зголемување на цените особено на производите за кои до крајот на минатиот месец имаше гарантирани цени.

– Сум разговарал со сите домашни производители и трговци и на големо и мало. Ако се злоупотребува овој период додека се утврди целосната листа и биде објавена, и додека се менуваат договорите што ги имаат снабдувачите со трговците заради тоа што треба да им се даде период да репреговараат одредени работи кои ги имаат предвидено нивните договори за снабдување, тие знаат дека во Министерството за економија подготвени сме во текот на денот да носиме одлуки кои нема да бидат во прилог на одредени групи кои би можеле да направат такви злоупотреби, рече Бектеши. 

Предлог законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, по скратена постапка, денеска доби поддршка во собраниската Комисија за европски прашања. Утре е на дневен ред на седницата на собраниската Законодавно-правна комисија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy