
И денеска температурите над 40 степени – UV индексот висок!
Сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен. UV=10
Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 39 степени.
До следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури, поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Благо опаѓање на температурата за два до три степени ќе има само во понеделник. UV индексот и понатаму ќе има многу висока вредност 10.