
И денеска полиција пред гробот на Гоце Делчев
И денеска полицајци во униформи и во цивил се распоредени околу црквата „Св. Спас“ со цел да се обезбеди просторот и пристапот кон гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев од евентуални инцидентни состојби, јавува Фактор.
Според нив, денес има само една полициска екипа, а движењето на граѓаните не е ограничено.
Одлуката следува по најавеното доаѓање на бугарски активисти на 4 февруари, како и одлуката на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Александар Пандов за чување на гробот на Делчев со „целодневна херојска стража“.