Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 И БРИСЕЛ Е ВИНОВЕН ЗА ЗАСТОЈОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ, МАКЕДОЦИТЕ СЕ УМОРНИ ОД ЧЕКАЊЕ Извештај на известувачот Томас Вајц во ЕП за напредокот на Македонија
Македонија

И БРИСЕЛ Е ВИНОВЕН ЗА ЗАСТОЈОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ, МАКЕДОЦИТЕ СЕ УМОРНИ ОД ЧЕКАЊЕ Извештај на известувачот Томас Вајц во ЕП за напредокот на Македонија

26/02/2026

AA

Уставните измени се клучни за да продолжат преговорите за членство на Македонија во ЕУ, но одговорноста за застојот во процесот не е само во Скопје, туку и во Брисел, порачаа денеска повеќе европратеници, расправајќи по извештајот на известувачот за Македонија во Европскиот парламент, европратеникот Томас Вајц.

Во споредба со лани, годинава нови се барањето европската дипломатија да се вклучи повеќе во изнаоѓањето решение, намалената агресивност на бугарските европратеници и пораката дека граѓаните во Македонија се веќе „уморни и исцрпени“ од евроинтеграцијата, откако во 2005 година земјата доби статус кандидат за членство.

Реформите и уставните измени се клучни

Главната одговорност, сепак, беше посочена кон македонската влада и немањето политичка волја да се одблокира процесот, односно, во Уставот да се вметнат Бугарите како малцинство.

Европратениците порачаа дека има напредок во Македонија, но без јасна политичка волја и без забрзување на реформите, процесот ќе остане во застој.

Вајц годинава настапи со пократка верзија на извештајот, по минатогодишните жестоки критики од бугарските европратеници. Во фокусот ги стави постигнувањата – напредокот во изградбата на Коридорите 8 и 10, усогласувањето со надворешната политика на ЕУ, константната поддршка на Украина, влегувањето во СЕПА и релативно подобрите оценки во споредба со другите кандидати.

Кордорите се стратешки за цела Европа

– Ќе истакнам некои позитивни работи за Северна Македонија. На пример, забележан е напредок поврзан со Коридорот 8 и Коридорот 10, а тоа се важни стратешки врски што ги поврзуваат Истокот и Западот, како и Северот и Југот. Тие стратешки врски се клучни не само за земјите од регионот, туку и за безбедноста на целата Европска Унија. Исто така, сакам да напоменам дека Северна Македонија постојано ѝ помага и ја поддржува Украина – рече известувачот Вајц.

Кога станува збор за слободата на медиумите, додаде, состојбата е прилично добра во споредба со други земји, но сепак, се намалува просторот на слобода на медиумите.

Кога станува збор за лажните вести и за транспарентноста на институциите, потребно е уште да се работи, рече европратеникот.

– Ако зборуваме за реформите во правниот систем, слободно ќе кажам дека Македонците имаат уште многу работа. Напредокот што е постигнат во последните години не е многу добар, но Владата најавува дека пред нив нема нови избори – рече Вајц.

Во врска со отварањето нови поглавја и задоволувањето на критериумите за затворање на поглавјата, потребни се реформи во областа на владеење на правото, но, исто така, потребно е зголемување на напорите за исполнување на роковите до јуни годинава. додаде тој.

– Во поглед на уставните измени, потребно е да се исполни овој услов – потенцира Вајц.

Време е Македонија да тргне напред

Во поглед на екологијата, посочи, постигнат е напредок кога станува збор за складирање на отпадот, но треба да се направат уште многу работи.

– Северна Македонија се пријави за членство во ЕУ пред повеќе од 2 децении и мислам дека е време да се тргне напред. Ова е голема можност за целиот регион, а особено за Северна Македонија – изјави Вајц.

Во однос на малцинствата рече дека тие се дел од успешната приказна на земјата, особено ако се има предвид историјата на регионот.

Тој ја сумираше расправата со оценката:

– Потребни се многу напори од многу страни, многу раце што ќе помагаат за земјата да тргне напред. Поддршката е потребна во секој аспект – од решавањето на прашањето со уставните измени, преку подготовката на законите од реформската агенда, до нивната имплементација – рече известувачот за Македонија.

Македонија припаѓа во ЕУ

Во дискусијата, покрај Вајц, зборуваа европратениците Матеј Тонин, Тијс Ројтен и Антонио Тангер Кореа, како и претставници на Европската комисија и на Европскиот совет.

Европратеникот од Словенија, Матеј Тонин, оцени дека „Северна Македонија дефинитивно припаѓа на ЕУ“.

– Кога разговарате со луѓето таму, веднаш забележувате дека се исцрпени од чекање. Знаете што значи цели 20 години да чекаат членство во Унијата и да останат трпеливи?! Северна Македонија е стратешки важна за Европа од повеќе причини: безбедноста, балканската мигрантска маршрута минува низ оваа земја, коридорите се важни… Земјата е преубава и разнолика, но за да се искористат сите потенцијали, својата убавина мора да ја претвори во своја сила. Оваа година постои можност да се намали поларизацијата што беше изразена во изминатата година. Го споредив нацрт-извештајот од лани со годинешниот и сфатив дека сегашниот е многу пократок и тоа ме радува. Ова е огромна можност за Македонија и се надевам дека ќе биде искористена – изјави Тонин, додавајќи дека реформскиот моментум бара политичка одлучност околу уставните измени.

Македонците се уморни и исцрпени

Холандскиот европратеник Тијс Ројтен му се заблагодари на Вајц за извештајот и посочи дека граѓаните во Македонија се „уморни и исцрпени“ од чекањето.

– Македонците се исцрпени од чекање и копнеат за напредок. Владата и политичките сили во Македонија не се здружија во интерес на македонскиот народ. Сегашната Влада има голема одговорност поради тоа. Ако го погледнеме извештајот на ЕК, можеме да заклучиме и дека извештајот е премногу позитивен, но забележувам дека не се опфатени причините за тој напредок – изјави Ројтен.

Тој додаде дека причините за застојот се и во Европскиот совет, кој според него, не обезбедил кредибилна перспектива.

– Советот мора да проработи на тоа. Оваа ситуација не им одговара ни на Македонија, ни на Европа – рече Ројтен.

ЕУ треба да се стабилизирачки, а не дестабилизирачки фактор

Антонио Тангер Кореа од Португалија оцени дека македонските граѓани не се само уморни, туку и се оддалечуваат од Унијата.

– Македонија го заврши скринингот на 7 декември 2023 година. Тие прават што можат. Тие исто така го реформираа и Уставот досега и сменија закони. Но, во однос на малцинствата и на внатрешната политика, околу тоа треба да добијат друг третман – повеќе да ги поддржуваме, а не да бараме. ЕУ треба да биде стабилизирачки а не дестабилизирачки фактор, дозволувајќи различни малцинства да ги искористуваат преговорите со ЕУ и кревката позиција на земјата. Треба да го држиме регионот на патот на соработка и стабилност, бидејќи тоа е интерес и на ЕУ – рече Кореа.

Бугарскиоот европратеник бара добрососедство

Бугарскиот европратеник Ивајло Валчев од ГЕРБ изјави дека граѓаните во Македонија се уморни од евроинтеграцијата, „но политичката елита не е“. Тој оцени дека актуелната власт бара надворешни проблеми, за да ги прикрие внатрешните, дека јавните изјави на премиерот Христијан Мицкоски го загрозуваат европскиот проект и го поткопуваат духот на добрососедството, и дека според извештајот на ЕК нема значаен напредок во борбата против корупцијата, нема вистинска независност на судството и на обвинителството и дека без тоа не можат да се заштитат човековите права. Според него, без посветеност на добрососедските односи и европските вредности земјата не може да напредува.

Има позитивни сигнали од Владата

Претставниците на Европската комисија и на Европскиот совет ја повторија потребата од уставните измени, но ги посочија и позитивните сигнали од Владата – Патоказот за јавната администрација како услов за отворање на првиот кластер, Акцискиот план за малцинствата, Патоказот за владеењето на правото, новиот закон за обвинителствата и најавите за нови Изборен законик и Кривичен законик.

Заклучокот од расправата беше дека Македонија има „прозорец на можности“, но дека без јасна политичка волја за уставните измени и без забрзување на реформите, европскиот пат ќе остане закочен.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Трендафилов за 4TV: Македонските работници се меѓу најпродуктивните во светот,

26/02/2026
Македонија

ФИЛИПЕ Е ИСПЛАШЕН ОД ИСКАЗИТЕ НА ГРУБИ Тој брутално ме

26/02/2026
Македонија

Трендафилов за 4TV: Партиите само ги менуваат дресовите – кога

26/02/2026
Македонија

Мицкоски најави нова чистка: По првите шест, се одземаат лиценци

26/02/2026
Македонија

Маж од Бугарија со камион удрил во крава на патот

26/02/2026
Македонија

Полицаец вработен како обезбедување во Собранието возел БМВ без положен

26/02/2026
Македонија

СОСЕДКИТЕ ЈА НАШЛЕ УБИЕНАТА МАРИЈА ПОКРИЕНА СО ЈАМБОЛИЈА Долната половина

26/02/2026
Македонија

Радман: Македонија заслужува брзо членство во ЕУ, нашата соработка е

26/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41985
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трендафилов за 4TV: Македонските работници се меѓу најпродуктивните во светот, но истовремено се и меѓу

26/02/2026

Македонските работници се меѓу најпродуктивните во светот, но истовремено се и меѓу најслабо платените, откри претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов,

ФИЛИПЕ Е ИСПЛАШЕН ОД ИСКАЗИТЕ НА ГРУБИ Тој брутално ме напаѓаше, зошто би склучувал пакт

26/02/2026

Премиерот Христијан Мицкоски побарал објаснување од МВР и АНБ зошто би бил загрозен Артан Груби во притвор и добил одговор

Трендафилов за 4TV: Партиите само ги менуваат дресовите – кога се опозиција ги поддржуваат работниците,

26/02/2026

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, упати остри критики до најголемите политички партии, обвинувајќи ги за лицемерие и менување на ставовите

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy