Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 И ЃАВОЛОТ ПРАДА САКА ДА НОСИ ВЕРСАЧЕ: Групацијата преговара за брендот на Донатела и Џани
Економија

И ЃАВОЛОТ ПРАДА САКА ДА НОСИ ВЕРСАЧЕ: Групацијата преговара за брендот на Донатела и Џани

12/01/2025

AA

Дали брендот Версаче е повторно на продажба?Италијанскиот весник Il Sole 24 Ore објави
наводни преговори во кои се вклучени советници од инвестициската банкарска
групација Citi.

Во петокот наутро, Il Sole 24 Ore ги наведе пазарните
шпекулации во извештајот за потенцијалното преземање на Версаче од страна на Групацијата Прада.

Откако американскиот федерален суд го блокираше спојувањето
на Капри Холдингс, сопственик на Версаче и Тапестри (сопственик на брендовите
Коуч и Кејт Спејд), Капри Холдингс ја ангажираше Баркли да истражува алтернативни
опции, наведува весникот.
Капри холдингс, наводно, предложил потенцијален договор на Прада и нејзините
партнери во Citi за продажба на брендот.

Доколку дојде до договор, Версаче ќе има среќа да се
приклучи на семејството на брендови Прада, кое покажа извонредна издржливост за
време на забавувањето на продажбата на луксузни стоки. Додека сопственикот на
Гучи, Керинг и сопственикот на Луј Витон, ЛВМХ, објавија лоши резултати во
последните квартали од 2024 година, Групацијата Прада триумфално објави дека
нето приходот за првите девет месеци пораснал за 18 отсто на годишно ниво – поттикнат од
зголемената популарност на моделот Miu Miu.

Сепак, не е сигурно дека „магијата“ на Прада би
функционирала на Версаче. Иако и двата бренда делат италијанско потекло,
нивните естетски пристапи се на спротивните краеви на спектарот. Додека Версаче
стана познат по своите разиграни дезени и раскошни детали, Прада остана
доследна на дизајнерската филозофија на воздржаност, која наиде на силна
резонанца во последниве години.

Од друга страна, Версаче претрпе големи удари поради општиот
пад на перформансите во луксузниот сектор. Во ноември, Capri Holdings објави
дека приходите на Versace паднале за 28,2 отсто во вториот фискален квартал од 2025 година. Се чини дека
брендот се бори со потрошувачите, а на пазарот доминираат големите луксузни
играчи како Луј Витон и новодојдените брендови како Jacquemus.

фото: EPA-EFE/Mourad Balti Touati

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БРАТОТ НА ГАЗДА ДЕКО ПРОДАВАЛ БИЛЕТИ, НЕ БИЛ НАДЛЕЖЕН ДА

02/12/2025
Македонија

Исплатата на пензиите продолжува редовно, постапката во Уставниот суд не

02/12/2025
Македонија

„Тој само продаваше карти, не е обезбедување“: Одбраната на Тодор

02/12/2025
Македонија

„Биди искрен Дејан и кажи“: Милка Едровска го прозва газдата

02/12/2025
Македонија

ПРАВЕЛА СООБРАЌАЈНО РЕШЕНИЕ И ПАРКИНГ, А ПОЖАРОТ НЕ СЕ СЛУЧИЛ

02/12/2025
Македонија

Одбраната на Едровска тврди дека нејзиниот проект бил безвреден без

02/12/2025
Македонија

„Не Милка, туку Виктор Апостолов ја дизајнираше дискотеката“: Одбраната на

02/12/2025
Македонија

„Не знаел дека ќе биде дискотека“: Газдата на објектот тврди

02/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38387
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БРАТОТ НА ГАЗДА ДЕКО ПРОДАВАЛ БИЛЕТИ, НЕ БИЛ НАДЛЕЖЕН ДА ЛЕГИТИМИРА Неговиот адвокат вели дека

02/12/2025

Братот на газдата на дискотеката „Пулс“, Тодор Јованов, е петтообвинет во случајот „Кочани“. Тој продавал билети за во дискотеката „Пулс“.

Исплатата на пензиите продолжува редовно, постапката во Уставниот суд не менува ништо во сегашниот модел

02/12/2025

Министерството за социјална политика, демографија и млади ја информира јавноста дека исплатата на пензиите се одвива редовно и без промени.

„Тој само продаваше карти, не е обезбедување“: Одбраната на Тодор Јованов тврди дека немал право

02/12/2025

„Точно е дека продавал карти, но тој немал никаква надлежност да врши проверка на влезот и излезот, а посебно не

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy