Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 И ЈАПОНИЈА ВО РЕЦЕСИЈА, ПОВЕЌЕ НЕ Е ТРЕТА СВЕТСКА ЕКОНОМСКА СИЛА: Ѝ го отстапи местото на Германија
Економија

И ЈАПОНИЈА ВО РЕЦЕСИЈА, ПОВЕЌЕ НЕ Е ТРЕТА СВЕТСКА ЕКОНОМСКА СИЛА: Ѝ го отстапи местото на Германија

15/02/2024

AA

Јапонија, до неодамна третата по големина економска сила во
светот, неочекувано падна во рецесија по падот на бруто домашниот производ
(БДП) за 0,4 отсто во споредба со претходната година и тешкотиите што ги имаше
економијата на земјата во последните шест месеци.

Слична судбина ја снајде и Велика Британија, која беше
рангирана на шестото место меѓу најсилните светски економии. Оваа земја западна
во рецесија во последните три месеци од минатата година, кога БДП се намали за
0,3 отсто. Со оглед на тоа што во претходниот квартал (од јули до септември)
беше забележан и пад на БДП, Британија официјално е во рецесија, што е сериозен
удар за премиерот Риши Сунак, кој дојде на власт ветувајќи економско
закрепнување и раст.

Многу економисти во земјата на изгрејсонцето сметаат дека
состојбата многу брзо значително ќе се подобри, бидејќи, како што наведуваат,
„податоците за падот на БДП не се конечни“. Иако Јапонија ѝ го отстапи третото
место на листата на најсилни економии на Германија во моментов, ММФ очекува
овие економии да дадат конечни податоци за движењата од претходната година, со
цел да се создаде нова табела на економски најразвиените земји, пренесува
Би-Би-Си.

Што се однесува до Британија, таа останува на шестото место
на оваа листа, но нестрпливо ја чека презентацијата на министерот за финансии, Џереми Хант, кој за помалку од три недели
ќе го објасни најновиот буџет, најавува Би-Би-Си.

Главната причина за падот на Јапонија во друштвото на
најсилните беа проблемите на нивната национална валута во однос на доларот кои
се појавија на крајот на 2022 година. Тие проблеми се проширија до 2023 година, кога јенот ослабе за 9%
во однос на американскиот долар за 12 месеци.

Како и да е, падот на јенот помогна за растот на цените на
акциите на најголемите јапонски компании, а во исто време придонесе и за растот
на извозот (особено на автомобилите), кој поевтини на прекуокеанските пазари.

Растот на главниот индекс на Токиската берза, индексот
Nikei225, кој ја премина границата од 38.000 за прв пат од 1990 година, како и
очекувањата дека Централната банка најверојатно ќе ја одложи одлуката за
зголемување на референтната каматна стапка, зборува во прилог на фактот дека
Јапонија сè уште не го кажала последниот збор.

Ниту во Британија
не бијат ѕвона за паника: Рут Грегори, заменик главен економист во
Капитал Економикс (водечка компанија за истражување и консултантски услуги во
Британија) вели дека најновите економски бројки „може да ја поттикнат Банката
на Англија да размисли за намалување на каматните стапки“:

„Но, се сомневам дека Банката на Англија ќе биде премногу
загрижена за она што веројатно ќе биде блага и кратка рецесија“, додаде таа.
Неодамнешните податоци покажуваат дека инфлацијата – која го мери темпото на
раст на цените – остана на 4% во јануари.

ФОТО: Unsplash/Jenzael Mengoza

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy