Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Хутите ја презедоа одговорноста за нападот на британскиот танкер во Црвеното Море
Македонија

Хутите ја презедоа одговорноста за нападот на британскиот танкер во Црвеното Море

17/02/2024

AA

Јеменските бунтовници Хути денеска ја презедоа одговорноста за нападот на британскиот танкер во Црвеното Море, за кој претходно известуваа агенциите за поморска безбедност и американскиот Стејт департмент.

„Поморските сили на јеменските вооружени сили изведоа операција насочена кон британскиот танкер Полукс во Црвеното Море со голем број поморски проектили“, рече воениот портпарол на Хутите, Јахја Сара.

Британската агенција за поморска безбедност УКМТО и безбедносната компанија специјализирана за поморски сообраќај Амбри (Амбри) во четвртокот известија дека имало експлозија во близина на брод во близина на градот Мохте. Британската агенција објави дека бродот и екипажот се безбедни, додека Амбри извести дека бродот претрпел мала штета.

Стејт департментот подоцна објави дека проектил истрелан од Јемен погодил брод под панамско знаме на пат кон Индија кој носел нафта.

Од ноември, Хутите го зголемуваат бројот на напади врз трговски бродови во Црвеното Море и во Аденскиот Залив, поради што се поголем број бродски компании почнуваат да ја заобиколуваат таа зона, неопходна за меѓународната трговија.

Бунтовниците Хути поддржани од Иран тврдат дека гаѓаат бродови поврзани со Израел во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа, каде Израел води војна против палестинскиот исламистички Хамас од 7 октомври, по нападите на Хамас на израелска територија.

Од јануари, Хутите, исто така, ги гаѓаа британските и американските бродови како одговор на нападите врз нивните позиции од страна на САД и Велика Британија, за кои велат дека ја бранат слободата на пловидба на важниот воден пат за светската трговија.

Хутите ја презедоа одговорноста за нападот на вториот британски брод во Аденскиот залив во четвртокот. Тие вчера најавија дека нема да се двоумат да извршат воени операции за одбрана на Јемен и ја повторија својата солидарност со палестинскиот народ.

Хутите го контролираат главниот град на Јемен Сана и големи делови од територијата во северозападен Јемен, земја која е во граѓанска војна од 2014 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АВМУ РЕАГИРА ПО ЗАКАНИТЕ КОН НОВИНАРКАТА МИЛКА СМИЛЕВСКА НА ФЕЈСБУК

10/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА

10/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА

10/11/2026
Македонија

ИСТОРИСКИ ИСЧЕКОР Е ШТО ВЛАДАТА ГО УСВОИ ПРЕДЛОГОТ ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ

10/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ПРАВИ ХИСТЕРИЈА ЗА АЛТА БАНКА ЗА ДА Ѝ НАШТЕТИ

10/11/2026
Македонија

СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ГО СКРАТИ ТОПЛОТО ВРЕМЕ Од викендот заладување

10/11/2026
Македонија

ПРЕД ДА ПРОГЛАСУВАТЕ ИСТОРИСКИ ПОБЕДИ, ПОЧЕКАЈТЕ ГИ СТРУЧНИТЕ СТАВОВИ НА

10/11/2026
Македонија

ЕУ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ Е ЦЕЛОСНА БЕЗ ЗЕМЈИТЕ ОД

10/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46710
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy