Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Хуманост пред се! Момче со оштетен слух продава цвеќиња за да му помогне на момче кое боледува од канцер
Македонија

Хуманост пред се! Момче со оштетен слух продава цвеќиња за да му помогне на момче кое боледува од канцер

14/03/2024

AA

Момче со оштетен слух, по име Бубе, собира материјални средства со продажба на цвеќиња кои ги негува, за да му помогне на друго момче, по име Александар кое пак, боледува од канцер на лимфни жлезди и треба да отпатува на операција во Турција.

И двете деца имаат потреба од поддршка од државните институции која, за жал, не ја добиле.

Оваа трогателна животна приказна, во разговор за „Еспресо“ ја раскажува мајката на Бубе, Валентина Дукова.

Инаку, ова не е првпат Бубе и неговото семејство да донираат за хумани цели. Семејството се занимава со пчеларство (Пчеларник Дукови), па донираат мед со матичен млеч секогаш кога е потребно за едно детенце од Скопје на кое пак, треба да му се изврши трансплантација на срце, а докторите му препорачале да користи мед со матичен млеч за зголемување на имунитетот.

Кога на Бубе му е дијагностицирана оштетеноста на слухот?

– Бубе се роди здраво дете , но веднаш потоа, заедно со уште две бебиња добија инфекција во болницата во Велес, и поради лекарска грешка последица на тоа беше оштетување на слухот на двете уши

Со какви здравствени проблеми се соочува?

– Благодарение на секојдневната рехабилитација во Центарот за слух и говор во Скопје, тој сега нормално функционира, зборува, но ги носи најсилните апарати и со нив слуша. Државата ништо не партипицира за неговите слушни апарати, во нивната програма има помагала за лица со мало оштетување на слухот, а тие на Бубе воопшто не му помгаат, додека за посилни слушни апарати не партиципира ништо. Сè е на наш товар, а чинат над 1500 евра.

Дали се имате обратено до државните институции за да им го објасните проблемот, дека лицата со големо оштетување на слухот не можат да ги користат апаратите што се во програмата?

– Да, имавме состанок и со тогашниот министер за здравство, не знам колку меилови имам напишано, но нема никаква заинтересираност за да се разгледа проблемот. И еве, 30 години не е направено ништо и сите трошоци се на наш товар.

Кога одлучува да ја спроведе хуманитарната акција со продажба на цвеќиња и која е целта на оваа акција?

– Бубе е многу емотивно момче, сака секому да помогне и пресреќен е кога ќе израдува некој. Тој има повеќе свои хобија , како што се грижата за животните, за цвеќињата, црта портрети …Многупати ги изненадува своите пријатели, роднини, со портрет за некој нивни повод. Така беше и овојпат. Бубе си одгледува цвеќиња , најмногу циклами и кактуси, а по разговор со својот брат Никола дека се собираат пари за неговиот уличишен другар Александар Планојевиќ, кој боледува од канцер на лимфни жлезди, и дека треба на 19 март да замине за Турција кадешто треба да му се изврши трансплатација на коскена срж, веднаш донесе одлука. Така, сите свои цвеќиња наместо да ги продава за себе, ги објави за продажба, но без цена, значи, кој колку сака да донира и сите собрани средства да ги уплати за Александар. Објавата беше во Фејсбук групата Дворчето, бидејќи таму има многу свои обожаватели, бидејќи таму е најредовен со свои објави и совети за цвеќиња. И веднаш се јавија многу членови од групата и наши сограѓани, покрај тоа што купуваа цвеќиња многу и донираа на бројот за донација …А и објавата на Бубе беше споделена од над 100 членови на групата.

Прочитајте повеќе на Еспресо!

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy