Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Хуманитарен настан по повод 3-ти мај, Светскиот ден на слободата на медиуми во организација на ССНМ и ЗНМ
Македонија

Хуманитарен настан по повод 3-ти мај, Светскиот ден на слободата на медиуми во организација на ССНМ и ЗНМ

03/05/2023

AA

По повод 3-ти мај, Светскиот ден на слободата на медиумите, ССНМ и ЗНМ организираа крводарителската акција во која учествуваа новинари, медиумски работници, но и останати граѓани кои сакаа да бидат дел од овој хуманитарен настан. Во рамки на акцијата беше организирана конференција за медиумите на која свои обраќања имаа Павле Беловски, претседател на ССНМ, Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ, Дејвид Гир, амбасадорот на Делегацијата на ЕУ. Свои обраќања пред присутните имаа и колегата Тони Михаилов, регионален координатор на ЗНМ и Сузана Тунева – Пауновска секретар на Црвениот крст.

Слободата на медиумите како двигател на човековите права, е овогодишниот слоган на УНЕСКО за 3-ти мај. Според Меѓународната федерација на новинари слободата на медиумите назадува, и не е двигател на човековите права како што би требало, бидејќи постојано се врши напад врз медиумите и слободата на изразување.

Беловски истакна дека борбата продолжува, затоа што: „Социо-економската состојба на новинарите и медиумските работници, пак, и покрај економската криза која го зафати светот речиси и да не се подобрува. Повеќе од две третини од медиумските работници земаат потпросечна или просечна плата, во голем дел од медиумите не се почитуваат дури и основните работнички права, како правото на годишен одмор, или прекувремена работа и слично. Најголем проблем, пак, претставува прекаријатот, бидејќи на огромен дел од колегите работните позиции не им се сигурни, работат со договори на определено, или договори на дело без социјално и пензиско осигурување“.

Денеска уживаме повеќе слобода на говор отколку пред десетина години и затоа Репортери без граници ја крева Македонија на високата 38 позиција оваа година, но нашата слобода е сè уште ограничена зошто малиот пазар остава малку простор за независно новинарство, со што дел од медиумите се потпираат на политички или деловни интереси. ЗНМ даде силен придонес кон подобрување на перцепциите на државата за слободата на изразување пред се преку инсистирањето на нови законски решенија со кои се подобрува безбедноста на новинарите но и преку дополнителна мобилизација на полицијата, обвинителството и судовите. Но ова не е доволно и секогаш постои простор за дополнително подобрување на состојбата и затоа продолжуваме понатаму, истакна Чадиковски, претседателот на ЗНМ.

На настанот се обрати и Амбасадорот Гир кој порача дека ЕУ е долгогодишен и силен поддржувач на слободата на изразување и улогата на медиумите. Тој потсети дека Европската комисија неодамна иницираше дијалог за тоа како да се зајакне заштитата преку новиот нацрт европски акт за слобода на медиумите. Надворешно, нашата поддршка вклучува употреба на политички дијалог и експертска помош за зајакнување на заштитата содржана во локалното законодавство и институциите поврзани со работата на медиумите, укажа Гир.

Регионалниот координатор на ЗНМ Михаилов, во име на локалните медиуми предупреди дека доколку веднаш не се преземат мерки за поддршка на овие медиуми од страна на креаторите на политиките, Македонија ризикува да има само една вистина која ќе доаѓа од централно ниво.

Секретарот на Црвен крст, Тунева Пауновска, се заблагодари на соработката со новинарите и медиумските работници и го поздрави овој хуман гест како добар пример на солидарност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy