Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Хуманитарен концерт во Штип со 200 талентирани ученици за помош на семејствата од трагедијата во Кочани
Македонија

Хуманитарен концерт во Штип со 200 талентирани ученици за помош на семејствата од трагедијата во Кочани

29/04/2025

AA

Штипската сцена ќе оживее утревечер со звуците на македонската музика, кога околу 200 талентирани ученици од источниот регион ќе настапат во Центарот за култура „Ацо Шопов“ со изведби на забавни и народни песни.

Виктор Карапанџов од Здружението на музички педагози вели дека станува збор за хуманитарен концерт, а чија цел е обезбедување финансиска поддршка на настраданите семејства од трагедијата во Кочани. Карапанџов вели дека источниот регион е расадник на музички таленти.

-Бројката на деца кои ќе настапат е од 180 до 200, а имаме хор од Виница, играорна група ќе ни гостува од Виница, потоа имаме мандолински оркестар и да напоменам дека овде во Штип долги години немаме слушнато мандолински оркестар. Значи мандолински оркестар од Пехчево, потоа од Берово имаме мешан оркестар со мандолини, клавир и гитара, специјално за оваа намена Штип како наставници се здруживме од три училишта „Ванчо Прќе“, „Тошо Арсов“ и „Славејко Арсов“ и направивме еден голем хор специјално за оваа манифестација, вели Карапанџов.

На хуманитарниот концерт ќе настапат и солисти, оркестри. Целта е да се здружат наставниците и учениците, а публиката да дојде и да ги слушне и виде нивните таленти. За овој хуманитарен концерт нема да се продаваат билети, туку ќе биде поставена кутија, во којашто секој граѓанин ќе може да донира колку сака за настраданите во дискотеката „Пулс“ во Кочани. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy