
Хулиганот на ПСВ кој го нападна Дмитровиќ доби – 40 години забрана да влезе на стадион!
Холандскиот гигант, 24-кратен национален првак беше безмилосен кон хулиганот кој направи скандал откако тргна да го нападне Дмитровиќ, па Србинот со еден потег без да го урди го спружи на земја, пред да дојдат редарите и да го изнесат од теренот.
„Мора да беше пијан и луд, се обиде да ме удри, ама успеав да го турнам на земја додека не дојдоа редарите. Нема да ви кажам што навистина сакав да му направам, подобро да останам молчелив“, рече тогаш Дмитровиќ.
Забраната за хулиганот се однесува на сите натпревари во сите категории на мечевите на ПСВ.

