
Хулиганот кој го нападна голманот на Севилја бил – мртов пијан!
Холанѓаните денеска открија дека станува збор за 20-годишен навивач со име Рурмонд, кој веќе имал забрана за влез на стадионот и веќе ѝ е познат на полицијата поради големи хулигански престапи. Тој во моментов е во затвор, каде што ќе остане до експресното судење закажано за 8 март. Рурмонд веќе добивал казни со општо-корисна работа поради проблеми правени на трибините, но овој пат се соочува со далеку посериозна санкција. Причина за тоа е фактот што при притворањето му било утврдено дека во моментот на инцидентот во неговата крв имало 1,6 промили алкохол, односно дека бил – мртов пијан.
УЕФА веќе отвори истрага против ПСВ, а се споменува и можно исфрлање од европските натпреварувања во период од најмалку една година. Вакво нешто им се случи на Англичаните пред неколку децении, кога по серија хулигански инциденти не можеа да играа во европските натпреварувања во период од дури пет години.