
Хулигани влегоа на терен и тргнаа да ги тепаат фудбалерите на Феенорд (ВИДЕО)
Немилиот настан се случи во 85. минута, кога гостите беа на чекор до победа. Што ги налути фановите на домаќинот, кои предизвикаа општо хаос. Група од околу 30 хулигани ја прескокнаа оградата, влегоа на теренот и се упатија кон клупата на актуелниот холандски шампион. Фудбалерите на Феенорд веднаш побегнаа во соблекувалната, а истото го направија и домашните играчи и судиите.
Полицијата и обезбедувањето 15-тина минути водеа војна со воинствените навивачи, по што натпреварот продолжи односно се доигра.