
Хулигани се обиделе да запалат српско училиште на Косово
Непознати лица синоќа во основното училиште „Десанка Максимовиќ“ во Косовска Каменица се обиделе со плинска боца да запалат училиште.
Од Канцеларијата за Косово и Метохија велат дека целта е да му покажат на српскиот народ дека безбедноста му е загрозена. Додаваат дека албанските политичари даваат поттик на хулиганите со својата реторика. Нападот е пријавен во полиција. Косовските Срби често се мета на напади. Годинава на Бадник, Божиќ, Албанци нападнаа и повредија Срби. Во периодот откако Албин Курти е премиер имало најмалку 300 напади на Србите во различни делови од Косово.
