
Хулигани претепаа судија во Африка – сега се бори за живот (ВИДЕО)
Хулиганите на гостинскиот по завршувањето упаднаа на теренот и го нападнаа судијата, незадоволни од тоа што тој не досуди пенал во регуларниот тек на натпреварот, а еден од нив го удри со т.н. хај-кик. Судијата почна да бега кон соблекувалната, во потрага по полициска заштита, но доби силен удар во задниот дел од главата, по што се онесвести во соблекувалната. Како што пренесуваат африканските медиуми, тој сега се бори за живот на интензивна нега, а видеото на кое се гледа како лежи во несвест на земја додека му помагаат во соблекувалната стана вирална.
За работите да бидат уште поневеројатни, на објавената снимка на судијата како лежи во несвест ги покажува играчите на Тангањика како ја слават победата веднаш до него.