
Хулиган среде меч го нападна голманот на Севилја, па си помина како – бос по трње (ВИДЕО)
На овој меч беше видена и немила сцена, кога голманот на гостите, Марко Дмитровиќ, среде меч беше нападнат од навивач на домашниот тим. Српскиот репрезентативен чувар на мрежата не се исплаши, туку напротив, му возврати на хулиганот, па потоа требаше него да го тргаат за да не направи поголема глупост.
На социјалните мрежи се споделува видеото од зафатот кој го употреби Дмитровиќ со совети да се проба и во борбите од УФЦ серија, со оглед на начинот на кој го собори воинствениот фан.