Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Хрватски сеизмолог објаснува како зградите во Турција доживеаја колапс и дали земјотресите можат да се предвидат
Регион

Хрватски сеизмолог објаснува како зградите во Турција доживеаја колапс и дали земјотресите можат да се предвидат

15/02/2023

AA

Хрватскиот
сеизмолог Крешимир Кук за Фактор објаснува дека во Турција имало пропусти при
градењето на објекти и тоа доведе до уништување на огромен број живеалишта, по
разорниот земјотрес од 7.8 степени кој се случи пред десетина дена.

За земјотресот со
јачина од 7.8 степени во Турција, вели дека е еден од најсилните на тоа
подрачје.

„Магнитудата  е физикална јачина која е директно поврзана
со енергијата ослободена при потресот. Вредноста на магнитудата од 7.8 степени
по Рихтер е најдобар показател дека се работи за голема количина енергија која
преку сеизмички бранови, потреси ослободила голем дел на мало епицентрално
подрачје и тоа ги оправдува големите разорувања кои овој потрес ги направи. За
да можат зградите да ги издржат силите кои против нив делуваат при вакви
земјотреси, тие мора да се градени по законите и принципите на градба отпорна
на земјотреси. Голем број од старите објекти, старите згради, посебно на
подрачјето на Сирија, за жал немаа ни теоретски шанса да го издржат овој
потрес. Модерните згради, кои се неодамна изградени, мораа да бидат направени
на начин да мораат и можат да одолеат на ваков силен потрес. Турските колеги
сеизмолози добро и прецизно ги пресметале сите прецизни сеизмички параметри.
Тие пресметки се достапки на целокупната стручна и експертска заедница и надвор
од матичната земја (во овој случај со Турција, по пат на сеизмолошките карти,
пресметана е сеизмолошката опасност и слично) и многу тешко би се случило да
има некоја погрешна пресметка, таа да биде прифатена или да не биде
забележана“, раскажува сеизмологот.

Тој вели дека
деновиве сме сведоци на тоа дека закони постоеле за конкретните градби, но тие
не биле почитувани. Затоа смета дека се случи колапс на многу згради кои скоро
се изградени во Турција. Во однос на тврдењата дека некој успеал да ги предвиди земјотресите, вели дека тоа не е точно. 

„Зборувајќи за
прогнозите за потресите, битно е да се нагласи дека не постои стручен ниту
научен основ на кој тие би се темелеле, односно тоа тврдење на одредени
поединци дека го предвиделе, најавиле овој потрес едноставно не може да биде
точно. Потресите (оние најсилните) од тектонска природа, ги предизвикуваат
сили и процеси во внатрешноста на Земјата и не се покажала никаква поврзаноста
со планетарните или сличните појави кои наводно би требало да ги предизвикаат.
После секој силен потрес, имаше тврдења дека некој однапред ги предвидел, но
тоа не е можно“, рече Кук.

Со програмата за градежна
амнестија од 2018 година, милиони згради низ Турција добија дозволи иако не
требало да ги имаат .
Претседателот Реџеп Таип Ердоган е под силни критики
за широко распространетата програма за амнестија во 2018 година.

Инаку, по силниот потрес, имаше стотици послаби потреси на турското тло.
Освен Турција, погодена е и Сирија. Холандскиот
научник Френк Хогербетс тврдеше дека го предвидел
силниот земјотрес кој ги стресе Турција и Сирија. Два дена по ред, земјотреси има и во Романија. 

Сања Атанасовска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy