
Хрватски маркет повлекува производ од Србија, бил изменет вкусот!
Трговски синџир во Хрватска ги извести потрошувачите дека ги повлекува од полиците производите Munchmallow family 210g и Munchmallow 105g, произведени од српската фабрика Јафа од Црвенка, кои имаат рок на траење до 15 февруари следната година.
Од таму изјавија дека ги повлекуваат производите поради „променети органолептички својства на производот“, односно променет вкус.
Во хрватскиот синџир од купувачите се бара купеното „манчмело“ да го донесат до најблиската продавница, каде што ќе им бидат вратени парите.
Реагирајќи на оваа вест, Јафа денеска објави дека одлучила да ги замени Munchmallow 105g и 210g со рок на траење од 15.02.2024 година со свежи производи, „поради променетиот вкус на некои производи, а сите производи се целосно безбедни за употреба“.
„Замената на производите е речиси целосно завршена и на полиците во Србија и регионот има производи во новото пакување ˝Sav od Igre˝. „Јафа Црвенка посветува сериозно внимание на контролата на квалитетот и безбедноста, а за да биде целосно сигурна во исправноста на производот, заедно со акредитираните лаборатории, континуирано спроведува обемни дополнителни лабораториски испитувања“, се додава во соопштението.