Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ХРВАТСКИ ХОТЕЛИЕР: Се плашам дека оваа туристичка сезона ќе имаме еден голем проблем
Економија

ХРВАТСКИ ХОТЕЛИЕР: Се плашам дека оваа туристичка сезона ќе имаме еден голем проблем

01/05/2023

AA

Опатија деновиве е преполна со весели и насмеани луѓе желни за убаво поминување и услуга, а тоа се очекува за цела сезона, изјави хотелиерот Милан Шесар во Дневник на N1. Сепак, тој предупредува дека туристичкиот сектор ќе се соочи со една голема пречка.

„Се плашам дека ќе имаме еден голем проблем. Фрижидерите ни се полни со стока – од риба, месо и друга храна, но се плашам дека нема кој да ги понуди и подготви, односно одреден број луѓе да не добијат соодветна услуга. Ова е најголемиот проблем на нашата професија – работниците нè напуштаат, а нови не доаѓаат.

Кај нас доаѓаат луѓе со тотално незнаење, кои никогаш не работеле во оваа професија, а потоа додека се приспособат, пак си заминуваат“, рече Шесар, нагласувајќи дека целото општество мора да биде загрижено за работната сила, особено во туризмот.

„Не е лесно да се работи во туризмот. Треба да знаете јазици, да му пријдете на гостинот, да продавате стока, а тоа не може да го научи некој што пристигнал вчера од улица. Се плашам дека ова ќе ни биде најголемиот проблем летово – да немаме кој да послужи, да продаде, да ги земеме еврата што гостинот е подготвен да ги потроши“, смета хотелиерот од Ичиќи.

Тој нуди две решенија за овој проблем

Решението на овој проблем тој го гледа во два правци: „Едната формула е добро да се платат овие луѓе, а другата е целата заедница да најде формула како да инвестира и да ги убеди младите да останат тука и да не одат во странство, дека можат да имаат квалитетна егзистенција од својата работа и да бидат задоволни“.

На прашањето колку заработуваат келнерите во нивниот хотел, тој одговори дека тоа се внатрешни работи и додаде:

„Мојот келнер би заработил исто како во Италија, ако не и повеќе. Мојот персонал работи по 25, 30 години, што е знак дека се соодветно наградени бидејќи во спротивно немаше да останат толку долго“.

Тој рече и дека лично нема проблем со работната сила бидејќи нивните работници имаат иста плата во текот на целата година. „Кога човек знае дека ќе добие подеднакво добра плата и дека е безбедно, тогаш нема ни да помисли да продолжи понатаму“, вели тој.

Индекс.хр

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy