
Хрватската полиција однела престапник на погреб, а тој избегал
Малолетен престапник во Хрватска побегнал откако полицијата го донела на погреб.
Малолетниот престапник од Воспитно-поправниот дом во Хрватска, кој вчера побегна од полицајците во градот Риека додека одел на погреб, уште не е вратен во Воспитно-поправниот дом. Кога пристигнал на гробиштата излегол од возилото и почнал да бега. Судските службеници го фатиле, но потоа нив ги опколиле непознати лица кои вербално, а потоа и физички ги нападнале. Група непознати лица наводно ги собориле полицајците на земја, а нападот завршил дури откако малолетникот побегнал.
Министерството денеска одговори дека управителот на воспитно-поправната установа веднаш го пријавил бегството на малолетникот во полициско одделение за да се преземат мерки и да се утврдат фактите поврзани со бегството.

