
Хрватска стави ролетна на голот во второто полувреме и ги откажа Грците
Во својот четвртфинален дуел, „коцкестите“ ја совладаа Грција со 13-8, пред се благодарение на одличното второ полувреме во кое буквално го затворија својот гол. Откако Грција го доби првиот дел со 6-5, следуваше серија од 8-0 на хрватската репрезентација за недостижна предност по што Грција постигна два небитни гола во финишот од мечот, колку да го ублажи дебаклот.
Во полуфиналето, Хрватска ќе игра со Унгарија која попладнево на пенали ја совлада Србија. Италија и Црна Гора вечерва ќе го дадат противникот на Шпанија.

